Бугарското Народно собрание ја прифати оставката на владата на премиерот Бојко Борисов.
Гласале вкупно 214 пратеници, од кои 209 пратеници гласале „за“, „против“ биле пет пратеници и еден „воздржан“.
На претходна провокација од пратеникот од Движењето за права и слободи кој го обвини Борисов за врски со организиран криминал, премиерот во оставка одговори:
-Очигледно ги минавте сите граници и сакам да знаат луѓето дека во тој документ во разузнавањето се вели дека заради многу сериозни интереси на меѓународниот криминал, се подготвува атентат и нарачател е Ахмет Доган, изјавил Борисов.