Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави делумна мобилизација во земјата, со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.
Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин изјави дека делумната мобилизација се однесува на резервисти со искуство кои, како што најави, ќе минат претходна воена обука.
Путин рече дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска и со која ќе бидат повикани 300.000 резервисти.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија во Украина се бори против Западот.
Според него, „речиси целата сателитска мрежа на НАТО работи против Русија во Украина“ и „Украина се повеќе користи западно оружје за да напаѓа цивили“.
Шојгу рече дека Западот ѝ доставува оружје на Украина во огромни количини.
Тој тврди дека Русија изгубила 5.937 луѓе во „специјалната воена операција во Украина“, а Украина половина од армијата.