Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијативата „НаТочак“ одбележува 10 години: „Скопје Велоград“ е сè уште визија, а не реалност

0
By Sashko on September 21, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 21, 2022 10:57

Во пресрет на одбележувањето на 10 години постоење што ќе се одржи в сабота на плоштадот „Македонија“, граѓанската иницијатива „НаТочак“ соопшти дека во изминатата деценија има промени во велосипедскиот сообраќај во главниот град, но дека сме далеку, како што велат, од тоа што Скопје можеше да биде денес доколку постоеше институционална посветеност.

„Ако споредиме со деценија претходно, направено е многу, но, сепак, далеку сме од она што Скопје можеше да биде денес доколку имаше поголема посветеност од страна на институциите и посериозен пристап кон велосипедскиот сообраќај“, е заклучокот на претставниците на оваа граѓанска иницијатива.

Според нив, „Скопје Велоград“ е сè уште визија, а не реалност, автомобилскиот сообраќај е сè уште приоритет при сообраќајното планирање, а изминатите десет години биле борба за докажување, поучување и прикажување примери од многу европски градови за тоа како изгледаат достојни услови за возење точак.

„Таа борба ни оддалеку не е завршена и ќе трае, бидејќи бројот на велосипедисти драстично се зголеми, а инфраструктурата и безбедноста заостануваат и не ги следат потребите на скопјани. Најгорчливите проблеми денес се во делот на безбедноста каде има незабележителни промени и таа тема сè уште се третира на ниво на лична одговорност. Во 2022 година, Скопје нема мултимодален транспорт и се дизајнираат улици и булевари без да се земат во предвид велосипедистите. Од друга страна, имавме позитивни примери на стеснување на сообраќајни ленти за да се издвои велосипедска патека, велосипедситите првпат влегоа во статистиката, а се уредија и постоечките патеки од 70-тите и 80-тите во функционална инфраструктура долж булеварите“, наведуваат од иницијативата „НаТочак“, која пред десет години беше формирана од група велосипедисти  за покренување на свеста за велосипедот како превозно средство.

Одбележувањето на 10-годишнината на „НаТочак“ в сабота ќе почне со 90-тата Критична маса – од Плоштад Македонија во 11 часот и ќе заврши во МКЦ со музичка и забавна програма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.