Холандскиот премиер Марк Руте ја коментираше одлуката на Владимир Путин за делумна мобилизација. Тој за холандската телевизија НОС рече рускиот претседател е во паника.
„Мобилизација, повикување на референдуми во Доњецк. Сето тоа е знак на паника. Неговата реторика за нуклеарното оружје е нешто што сме го слушнале многу пати досега и нè остава ладни. Сето тоа е дел од реториката што ја знаеме. Би ве советувал да останете мирни“, порача тој.