На улица „Македонија“, во центарот на Скопје, денеска ќе се одржи 18-то издание на манифестацијата Денови на македонскиот мед во организација на пчеларското здружение „Матица“.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат различни видови н мед и други пчелни производи од македонски пчелари, а ќе можат да добијат и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед.
Манифестацијата ќе ја отворат министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.