НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раскол во најголемото политичко семејство во ЕУ: Германските демохристијани бараат ЕНП да ја спречи Мелони да формира влада

0
By Xhabir Deralla on September 27, 2022 ВЕСТИ
Силвио Берлускони
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во најголемото политичко семејство во ЕП, Европската народна партија дојде до судир меѓу група на влијателни членови со лидерот на ЕНП, Манфред Вебер. Критиките кон Вебер дојдоа од највлијателните членови на германската десничарска опозициска партија ЦДУ. Обвинувањата се дека Вебер во изборната кампања во Италија директно ја подржа Форца Италија на Силвио Берлускони која е сега дел од новата италијанска десничарка коалиција предводена од екстремно десничарската партија Браќа на Италија.

Манфред  Вебер во обид да се одбрани од критиките синоќа во интервју за една национална ТВ станица рече дека неговата поддршка за Берлускони е обид да се направи потребниот санитарен кордон со што Мелони и нејзините Браќа на Италија би биле спречени да го направат потребното мнозинство во италијанскиот парламент. Вебер во интервјуто тврдеше дека благодарение на  учеството на Берлускони како дел од ЕНП, коалицијата на Мелони  има „јасни проевропски приоритети”.

„Затоа се залагам за малку ладнокрвност кон Италија“, рече Вебер. „Сега останува на италијанскиот претседател Серџо Матарела да создаде  разумна влада“.

Вебер додаде дека на  Мелони и било јасно ставено до знаење дека ќе ги добие парите од Брисел  за закрепнување за италијанската економија  ако ги  спроведе реформите  кои ги планираше премиерот во заминување Марио Драги“. Вебер во интервјуто, исто така, изрази надеж дека новата коалиција во Италија предводена од екстремно десничарска партија сепак ќе мора да ги задржи своите политики во центарот поради  економските проблеми и рецесијата која и се заканува на Италија.

Лидерот на најголемата опозициска партија во Германија ЦДУ, Маркус Содер во својата критика кон Вебер истакна дека ЕНП и нејзините членки од ЕУ во принцип би требало да стојат понастрана  од радикалните десничарски, неофашистички групи.

Зад затворени врати на состанокот во понеделникот, критиките, наводно, биле уште посилни, при што шефот на групата Александар Добриндт побарал од својот колега Вебер да ги прекине партнерството со Берлускони. По состанокот на раководството на ЦДУ, Добриндт изјави дека десниот центар никогаш не треба да ги поддржува оние кои ги соработуваат со екстремната десница.

Форца Италија, партијата предводена од Берлускони е членка на ЕНП која е сега дел од коалицијата предводена од “наследниците” на Мусолини. Силвио Берлускони предизвика бројни реакции во политичкото семејство на европската умерена десница со неговата изјава за поддршка на Владимир Путин.

Брисел VS Белград

БЛИСКОСТ Путин и Вучиќ

Како држава која преговара за членство во ЕУ, Србија не може да ги зајакне врските со Русија, изјави во понеделникот во Брисел портпаролот на Европската комисија Петер Стано, истакнувајќи дека неодамнешното потпишување на договорот за надворешна политика меѓу Русија и Србија е причина за загриженост.

Коментарите доаѓаат откако српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ го бранеше договорот за консултации за 2023-2024 година што го потпиша со неговиот руски колега Сергеј Лавров на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк овој викенд.

„Србија не може да ги зајакне врските со Русија бидејќи земјата го зголеми бројот на злосторства, агресија и судири во Украина“, додаде Стано.

Стано, исто така, повтори дека ЕУ ги повика српските лидери да обезбедат посилно усогласување на надворешно-политичките иницијативи на земјата со оние на Унијата. ЕУ  Блокот, исто така, побара од Србија да ги поддржи независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Запрашан од новинарите во Брисел за договорот меѓу српското и руското министерство за надворешни работи за продолжување на консултациите, Стано рече дека тоа е очигледен знак дека Србија сака „да ги зајакне врските и да ги унапреди односите меѓу Србија и Русија што  е причина за „сериозна загриженост“.

Земјите членки на ЕУ со дијаметрално спротивставени ставови околу прашањето дали да им се дозволи влез во ЕУ на Русите кои бегаат од Путин

Колони возила со Русите кои бегаат од мобилизацијата на Путин, на граница со Финска, 22 септ. 2022 (LEHTIKUVA/REUTERS)

Амбасадорите на ЕУ во понеделникот наутро разговараа како да се справат со приливот на руски мигранти кои се обидуваат да избегаат од „делумната“ мобилизација на претседателот Владимир Путин – но не се согласија за каква било итна акција.

Според неколку дипломати, постоел широк договор дека на ЕУ ќе и треба обединет пристап по ова прашање – но тоа е полесно да се каже отколку да се направи, бидејќи земјите членки  се со дијаметрално спротивставени ставови. Балтичките држави и  источните земји велат дека ЕУ треба да ја затвори вратата за руските мажи кои бегаат од мобилизација . Од друга страна постои голема група на земји членки кои тврдат  дека треба да им се дозволи влез, бидејќи тоа ќе му наштети на Путин.

Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.