НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција: 21 загинат, десетици исчезнати, откако потонаа 2 брода со мигранти

0
By Соња Крамарска on October 6, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тела плутаат среде расцепканите остатоци во водата во близина на грчкиот остров Китира, додека бројот на загинати од потонувањето на два брода со мигранти се искачи на 21, а многумина се уште се водат за исчезнати. Причина за потонувањето на двата брода е судирот со подводни карпи.

Бродовите потонаа на оддалеченост од десетици километри, предизвикувајќи драматични напори за спасување во текот на ноќта, бидејќи жителите и пожарникарите ги извлекуваа на безбедно мигрантите кои скокаа или паѓаа од бродовите.

Инцидентот предизвика тензии меѓу соседите Грција и Турција, кои се заглавени во жесток спор околу миграцијата и поморските граници.

Крајбрежната стража на источниот остров Лезбос соопшти дека таму биле пронајдени 16 тела на млади африкански жени и еден млад маж откако потонал гумен чамец со околу 40 луѓе. Десет жени се спасени, додека 13 други мигранти се водат како исчезнати, соопштија претставници на крајбрежната стража.

Втората спасувачка акција се одигра неколку стотици километри на запад, во близина на островот Китира, каде што бродот удри во карпи и потона.

Телата на најмалку четворица мигранти беа видени среде остатоците што пловеа од бродот. Смртта ќе биде официјално евидентирана кога ќе бидат извлечени телата, рекоа официјални лица. Тие додадоа дека 80 лица, од Иран, Ирак и Авганистан, се спасени додека продолжува потрагата по дури 11 за кои се уште се верува дека се водат како исчезнати.

Китира е на околу 400 километри западно од Турција и на рута која често ја користат шверцерите за да ја заобиколат Грција и да се упатат директно кон Италија.

21 загинати Грција потонати бродови со мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.