Владата го достави до Собранието предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но се уште нема информација кога ќе се одржи собраниска седница за негов избор.
Од кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи седницата за изборот на Пенов, кој е предложен на чело на овој ресор откако досегашниот министер Горан Милевски поднесе оставка.
Во Собранието денеска се одржуваат средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери на која ќе се договараат следните активности.
Засега на веб страницата на Парламентот за денеска се закажани две седници на Законодавно правната комисија, додека утре ќе има посета и обраќање на претседателката на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, како и седница на Комисијата за култура.
Следна собраниска седница е закажана за 17 октомври.