Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија

0
By Соња Крамарска on October 13, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 13, 2022 12:55

Апелираме до потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона, порача ЕСМ. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, велат од компанијата во соопштението објавено пред малку.

 „Во моментов во околу 105 објекти (што претставува околу 3,7% од вкупниот број на мерни места) сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици“, соопшти ЕСМ.

Компанијата предупреди дека ако корисниците сакаат непречена испорака на топлинска енергија од системот за централно греење, управителите и заедниците на сопственици во објектите да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација, како и да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица за да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија.

Се напоменува и дека треба да бидат платени неплатените сметки за електрична енергија за топлинската станица и да биде функционална електричната инсталација. ЕСМ притоа потсетува и дека одржувањето на внатрешната грејна инсталација е одговорност на потрошувачите.

„Ги повикуваме потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија даден во Прилог. Доколку објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект“, се вели во соопштението.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви:

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Дооел Скопје на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: општина Аеродром, дел од општина Гази Баба, општина Ѓорче Петров, општина Карпош, општина Кисела Вода, општина Центар и општина Чаир.

Центар за грижа на потрошувачи (24/7):  02 3076 200 и 075 400 100За потрошувачите на Енергетика – Оддел за топлинска енергија на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: дел од општина Гази Баба

Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405

Центар за грижа на корисници (пон-петок, 07.00–19.00): 02 3104 816

Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872

 

греење ЕСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.