НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поглавјата 8 и 2 денес на агендата на скрининг состаноците во Брисел

0
By Соња Крамарска on October 13, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На четвртиот ден од објаснувачкиот скрининг за  кластер 2- Внатрешен пазар, денес во Брисел продолжија презентациите на Европската комисија во однос на поглавје 8- Политика на конкуренција и поглавје 2 – Слободно движење на работници, соопшти Секторот за европски прашања при Владата.

Конкурентната политика на ЕУ има за цел создавање внатрешен пазар, каде што економските оператори слободно конкурираат меѓу себе. Законодавството во оваа област ги вклучува политиките на конкуренцијата и политиките на контрола на државната помош.

Ова поглавје опфаќа правила и процедури за борба против антиконкурентното однесување од страна на комерцијалните компании, избегнување на монополи во пазарот, разгледувањето на спојувања помеѓу компаниите и економските ентитети како и да се спречуваат владите да ги фаворизираат компаниите од нивните земји штитејќи ја фер и лојалната конкуренцијата на внатрешниот пазар на ЕУ.

Северна Македонија ги почитува обврските од поглавје 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација преку усогласување и транспонирање во нашето законодавство на сите основни правила на Политиката за конкуренција на Европската Унија.

Европската комисија го претстави новиот пакет на регулативи и директиви во однос на спојување компании, антимонополски како и на државната помош, кои нашата земја ќе треба да ги усвои и спроведе во текот на преговарачкиот процес со Европската унија.

Значајно е што поглавјето 2 и законодавството (acquis) на ЕУ, „Слобода на движење на работниците“ предвидува: „Граѓаните на ЕУ од една земја-членка имаат право да работат во друга земја-членка и ова претставува едно од клучните достигнувања и основни слободи гарантирани на внатрешниот пазар на Европската Унија“.

Правото на работа, студирање, живеење и пензионирање од една во друга земја членка нуди голем број социјални, културни и економски придобивки.

Северна Македонија континуирано го усогласува националното законодавство и ги подобрува институционалните капацитети за ова поглавје од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Европската Комисија претстави нови регулативи и директиви во врска со Европската управа за труд и координација на системите за социјално осигурување.

 

ЕУ скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.