Владата соопшти дека на денешната седница, ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката за шински возила „Велес“, ДООЕЛ – Велес, во јавноста позната под називот Колска.
На седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што им е доделена финансиска поддршка од страна на Владата, посочи во соопштението владината прес служба74 вработени од „Колска“ од Велес денес, инаку, протестираа пред Владата, бидејќи како што рекоа сметката на претпријатието е блокирана заради неплатен данок. Вработените два месеци се без плата и покрај тоа што имаат фактури за наплата. Бараат да се деблокира сметката за да може фабриката непречено да работи.