НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска на средба со словенечкиот претседател Борут Пахор

0
By Соња Крамарска on October 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на денешната официјална посета на Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со претседателот на Словенија, Борут Пахор.

Во фокусот на разговорите беше иднината на Западен Балкан, која е тесно поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер.

Северна Македонија и Словенија се обединети во вредностите и принципите кои гарантираат безбедност и просперитет за регионот, но и за европскиот континент. Двете пријателски земји имаат идентични заложби за мир, слобода и демократија. Двете земји имаат заедничко минато, но уште поважно –заедничка сегашност и иднина, како дел од најмоќниот воено-политички сојуз, НАТО. Нашите држави се еднакво посветени гаранцијата на  безбедна, демократска, просперитетна иднина за своите граѓани. А тоа ќе го постигнеме само ако меѓусебно соработуваме, си помагаме, ги паметиме лекциите на историјата за да создаваме нови лекции за пример во иднина, заклучија двајцата соговорници на средбата.

Петровска и Пахор ја осудија руската агресија врз Украина и порачаа дека тоа е удар врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и сериозно кршење на основните принципи на меѓународното право. Соговорниците се согласија дека е потребен итен прекин на огнот и решавање на сите отворени прашања по дипломатски пат.

Претседателот Пахор нагласи дека Словенија во континуитет е силен поддржувач на Северна Македонија и дека се залага за забрзување на интеграцијата на државата и регионот во ЕУ.

Претходно Петровска во Љубљана имаше средба и со словенечкиот колега, министерот за одбрана Марјан Шарец.

„Словенија е наш докажан пријател, сојузник и гласен поддржувач на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Оваа година одбележуваме 30 години соработка помеѓу двете држави и 28 години одбранбена соработка која остави белег на развојот на одбраната и Армијата. Живееме во комплексни времиња со бројни безбедносни предизвици и затоа како блиски и пријателски земји, и како сојузници во НАТО, мораме да опстанеме на нашиот пат кон уште посилна, уште поинтензивна одбранбена соработка“, порача таа по средбата.

 

посета на Словенија Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.