НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Портрет на уметникот во младоста: 15 години од премиерата на „Превртено“ на Игор Иванов Изи

0
By Ана Василевска on October 18, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 20 октомври (четврток) со почеток во 20 часот во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, по повод 15 години од неговата премиера.

Филмот „Превртено“ е дебитанстки долгометражен игран филм на Иванов и беше премиерно прикажан во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка. Овој филм беше во конкуренција за наградата „East of West Award“; и тој момент беше своевидна потврда за сета претходна работа на овој наш филмски автор. Иванов тогаш, не некој начин – ја „завери“ таа потврда, кога со неговиот „Превртено“, малку подоцна, ја освои Наградата за најдобра режија, на фестивалот во Валенсија (Шпанија) – Mostra de València-Cinema del Mediterrani; потоа, Иванов, таа нагорна линија ја продолжи и со неговите подоцнежни остварувања – пред сè, со долгометражните играни наслови „Соба со пијано“ (2013) и „Хомо“ (2020), потоа со долгометражниот документарен „Кобра“  (2018), како и со ангажманот како режисер/креативен директор во ТВ сериите „Преспав“ , „Инсајдер“.  Денес, Иванов е едно од водечките режисерски имиња на македонската кинематографија, со десетици награди и признанија на светските филмски фестивали.

Милан Тоциновски во „Превртено“

„Превртено“ ја имаше македонската премиера на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола 2007 година и е еден од последните македонски играни филмови снимени на 35мм лента. Филмот е работен според романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски (кој е и косценарист). „Превртено“ е приказна за Јан Лудвик, млад човек кој ѝ припаѓа на загубената транзициска генерација во нашето општество – генерација родена во социјализмот, но живее и е сведок на рудиментарниот капитализам. Неговиот анархичен став кон животот го доведува до безизлезни ситуации, во кои не може да се реализира себеси. Меѓутоа, додека вистинските анархисти дејствуваат и ја менуваат свеста на својата околина преку акции, Јан можеби знае што не сака, но не знае што сака – момент што го става во позиција на „изгубен лик од нашата околина“…

Станува збор за урбана приказна, раскажана преку колоквијален говор, за животот на младите луѓе во Скопје, на почетокот на деведесеттите години на XX век, во периодот на почетокот на транзицијата, во која се вклучени повеќе елементи што се симбол на поп-културата: рок музика, стрипови, употреба на лесни дроги, итн. Приказната, со интересно имплементирани фантастични елементи, е раскажана преку гледната точка на главниот лик Јан, во еден вид на реминисценција – сеќавање на неговото минато, додека тој патува дома со воз, а всушност – тоа духот на Јан, одосно неговата душа, која го придружува неговото мртво тело на патот кон дома – се сеќава на својот живот: средношколецот Јан, кој живее со татко си, нема некои конкретни, цврсти, помали или поголеми амбиции во животот; Павел, неговиот другар, е нешто повеќе заинтересиран да успее во животот, а Луција, нивната соученичка, е мистериозна девојка со која Јан се обидува да оствари врска. Тоталитарното влијание на политиката врз животот на младите луѓе е претставено преку инсистирањето за зачленување во владејачката Партија на националниот дух, што Јан го одбива, додека Павел и Луција се зачленуваат. Заради одбивањето да се вклопи во доминантната матрица, Јан е санкциониран од „невидливите“ општествени темни сили, прво со ќотек, а потоа и со обид да биде обвинет за убиство, по што тој ја напушта земјата и заминува со циркусот што престојува во неговиот град…

Сцена од „Превртено“

Главните улоги ги толкуваат Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Елена Серафимовиќ, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски и Инес Бојаниќ, а во споредните ролји се Силвија Јовановска-Стојановска, Петар Мирчевски, Лабина Митевска, Камка Тоциновски, итн…

Директор на фотографија е Томи Салковски; монтажер е Игор Андреевски; сценографијата е на Иван Бартлинг и Игор Тошевски, костимите на Бланка Будак, а музиката е на Зоран Спасовски.

Филмот е продуциран со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Министерството за култура на Република Србија, The Global Film Initiative и Македонската радиотелевизија. Продуценти се „Сектор филм“ – Скопје, Mainframe Production и Cinears.

Игор Иванов-Изи кариерата ја започнува работејќи авторски и ко-авторски проекти на првата приватна македонска телевизиска станица А1, и од тој период датираат ТВ проектите „Сабвеј“ (1993-1994), „Неп“ (1995), „Наше маало“ (1999-2003).

Во 1997 го реализира краткиот филм „Часовник“ со кој ја освои првата награда на конкурсот на Европскиот Совет за краток игран филм од млади автори во 1998. По реализацијата на кратките документарни филмови „Кавал“ и „Гајда“  го сними краткиот игран филм „Бубачки“ кој беше прикажан на Берлинскиот фестивал во конкуренцијата за краткометражни филмови; филмот, потоа, ги освои и наградите „Златен медал на Белград“ на Белградскиот фестивал на документарни и кратки филмови, наградата „Golden Pardino – Leopards of Tomorrow“ на фестивалот во Локарно, а имаше и свои забележителни учества и награди на фестивалите во Санкт Петерсбург и Сан Франциско. Подоцна, со играниот филм „Соба со пијано“  беше во конкуренција за наградата од публиката на Chicago International Film Festival, додека со играниот филм „Хомо“ ги освои наградите на фестивалите Crossing The Screen, Festival del Cinema Europeo, IndieFEST Film Awards, WorldFest Houston, итн…

„ Езотеричниот, социјално неприспособлив Јан, кој не може да го задуши нагонот за летање, никогаш не ќе може духовно да се зближи со својот најдобар пријател, конформистот Павел, иако ги дели со него сите свои фрустрации и надежи. Не ќе може да се зближи ни со убавата и навидум сензибилна Луција, чии каприциозни, нежни, рамнодушни и страсни испади не можат да го уверат дали таа навистина го љуби или, пак, игра некоја улога што нејзината умна глава одлично ја извежбала. Но настрана од визуелно култивираното обликување на конфликтните ситуации и на карактерите во една хомогена мозаична целина, првенецот на Игор Иванов-Изи ќе нè остави рамнодушни пред сведочењето на колективната и лична драма. Коректната иконографска структура на кадарот, уиграната актерска игра и урбаната атмосфера во која настраностите, парадоксите и ексцентричностите се дел од амбиентот на метрополата не се доволна гаранција дека нивниот психолошко-ментален колорит ќе нè држи во напнатост и возбуда…“, пишува филмскиот критичар и историчар на филмот Георги Василевски, меѓу другото, во својата критика.

 

Агензија за филм Игор Иванов-Изи. Кинотека
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.