Претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе објави книга со неговите говори за време на војната со Русија.
Публикацијата се очекува да излезе на пазарот на книги на 6 декември.
Воведот ќе го напише самиот Зеленски.
Книгата ќе биде насловена „Порака од Украина“ и ќе содржи предговор на Аркадиј Островски, уредник на Економист за Русија и Источна Европа.
„Поддршката за Украина не е мода или емоџ-и. Ако сакате да разберете кои сме, од каде сме, што сакаме и каде одиме, треба да дознаете повеќе за нас. Поддршката за Украина не е привремена и нема да исчезне по војната. Оваа книга ќе ви помогне да дознаете многу повеќе за украинскиот народ“, вели Зеленски во воведот.
Приходите од публикацијата ќе бидат наменети за United24, иницијатива која Зеленски ја покрена за координирање на добротворни донации за Украина.
Читателите ќе имаат можност да уживаат во 16 клучни говори на претседателот, бидејќи во нив, според него, најмногу може да се разбере украинскиот народ, неговите вредности и аспирации.
Володимир Зеленски беше избран за претседател на Украина во 2019 година.