НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ во Брисел: Младите во Македонија заслужуваат европска иднина и можности

0
By Соња Крамарска on October 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Работна атмосфера на скринингот во Брисел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата за европски прашања  и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг за поглавјето 26, „Образование и култура“ во своето воведно излагање рече дека Владата ја препознава важноста на образованието, обуката и програмите за млади, како клучни носители на развојните политики кои придонесуваат за економски раст и отворање нови работни места.

„Младите заслужуваат европска иднина и можности како нивните врсници во Европската Унија, а наша обврска е тоа да им го овозможиме. Направивме важни реформски процеси и продолжуваме да напредуваме понатаму“, рече Маричиќ пред претставниците на Европската комисија.

Маричиќ се осврна на реформите и на тековните активности и проекти на кои се работи во областа на образованието и културата, потенцирајќи ја реформата во стручното образование, чија цел е подговтовка на  младите  да одговорат на барањата на пазарот на трудот.

„Тука спаѓа и формирањето на регионални центри за стручно образование и наука. Во рамки на постојаните напори за подобрување на квалитетот на образованието, согласно Стратегијата за образование на возрасни 2019-2023 година, еден од најважните приоритети е воспоставување систем за признавање на неформалното учење, кој ќе им овозможи на лицата да се стекнат со квалификација и имаат поголема вклученост на пазарот на трудот“, рече Маричиќ.

Во однос на младинските политики, тој истакна дека властите продолжуваат да формираат младински центри во секоја општина за поддршка на младите, дека е донесен е Законот за младинско учество и младински политики, а најави и дека се подготвува нова Стратегија за млади 2023-2027 година.

„Што се однесува до програмите на ЕУ во оваа област, Северна Македонија е многу успешен учесник. Ги потпишавме и почнавме да ги спроведуваме договорите за учество во Еразмус + и Европскиот солидарен корпус, за новиот финансиски циклус. Програмата Еразмус+ се управува со значителна стапка на посветеност и капацитет на апсорпција. Во рамките на 2014-2020 година доделени се 4199 грантови, со вклучени над 32.000 учесници и исплатени 37 милиони евра“, посочи тој.

Во овој дел директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, истакна дека Националната агенција посветено работи на промоција на Програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус, преку организирање на работилници за добро информирање и запознавање со програмите.

„Создаваме можности за сите, особено за младите. Преку национални тимови за обука во стручно образование се подготвуваме за следната година – Година на вештини на европско ниво. Вклучувањето во програмите, Истражи ја ЕУ и Спорт ги доближуваме и истакнуваме бројните можностите за сите“, рече Ѓоргиевски.

Во областа на културата, главниот преговарач со ЕУ Маричиќ кажа дека Министерството за култура останува посветено на програмата Креативна Европа, како еден од главните европски проекти за поддршка на европската културна соработка изразена преку културни творби и обединување на различностите, во чии рамки  поддржани се 14 проекти со вкупен износ од околу 2,5 милиони евра грантови, додека во рамките на потпрограмата МЕДИА се поддржани 3 проекти со 142.000 евра.

Денес во Брисел се одржуваат два објаснувачки скрининг состаноци за поглавјето 26 „Образование и култура“ и поглавјето 19, „Вработување и социјална политика“, на кои Европската комисија ќе го презентира новиот корпус на ЕУ законодавство донесено во периодот по 2018/19 година.

Бојан Маричиќ Брисел објаснувачки скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.