НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајон: Поддршката на Република Словенија на патот кон ЕУ е гласна и недвосмислена

0
By Ана Василевска on October 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со заменичката на претседателот на Владата и министерка за надворешни работи на Република Словенија, Тања Фајон, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Посочувајќи на овогодинешниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи, беше потенцирано искреното и стабилно пријателство меѓу двете земји. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби во двете земји, за билатералните односи и соработка со посебен акцент на економската соработка, каде се забележува тренд на континуиран раст во однос на претходните години.

Во фокусот на разговорите беше членството на Северна Македонија во Европската Унија, започнувањето на преговорите и одвивањето на скрининг процесот, како и за конкретната помош што Словенија ја обезбедува со цел спроведување на неопходните реформи.

„Почетокот на преговорите со ЕУ е историски настан не само за нас, туку и за Унијата. Поддршката на Република Словенија на овој пат е гласна и недвосмислена. Нам секако ни претстои имплементирање на преземените обврски, кои не се едноставни. Потребни ни се уставни измени, за кои како Влада целосно стоиме посветени, и ќе ги вложиме сите напори за да создадеме соодветна политичка поддршка. Секако и тука сметаме на поддршката од нашите пријатели – Словенија во прв ред и како непосреден сосед на Балканот, имајќи предвид дека европските интеграции на земјава претставуваа взаемен интерес.“ – истакна Османи.

Соговорниците изразија задоволство од соработката во рамките на сојузништвото во НАТО, изразувајќи недвосмислена осуда на Руската агресија врз Украина, заканите за ескалација на конфликтот од страна на Русија, реафирмирајќи ја притоа поддршката за Украина во секој можен поглед.

Европска унија Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.