НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе има светска премиера на филмски фестивал во Каиро

0
By Ана Василевска on October 18, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Од прес конферецијата за филмот „Преекспонирано“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро ( Cairo International Film Festival), кој се одржува од 13 до 22 ноември.
„Денеска најавуваме дека мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и привилегија. Овој филм е проект на кој работам десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото кое е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, и по неколку измени дојдовме до оваа конечна верзија на сценариото која ја снимивме. Бевме први кои снимаа во време на пандемијата, во услови на карантин, но задоволни сме и со нетрпение очекувам да и го претставиме и на публиката, рече режисерката Елеонира Венинова на денешната прес конференција.
Сцена од „Преекспонирано“
Венинова потенцираше дека станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани.
„Приказната, како и останатите мои филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот, рече Венинова.
Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).
Сцена од „Преекспонирано“
За актерката Сара Климовска ова е прва соработка со Венинова и вели дека процесот одел без проблеми.
„Првите две недели снимавме со маски, две недели бевме во комплетна изолација, ги почитувавме сите протоколи и се помина во најдобар ред“, рече Климовска.
За Благој Веселинов особен впечаток оставила работата во време на пандемијата и смета дека филмот има нешто поразлично што досега не го видел во друг македонски филм, има внатрешна емотивна борба со која се соочуваат актерите.
„Овој филм ми е многу драг бидејќи дотогаш никој не снимаше, беше пандемија и сите се прашувавме што ќе се случува понатаму, како ќе работиме. Елеонора и Крале ги зедоа работите во свои раце и среќен сум што успеав да го одвојам Благој Веселинов од ликот кој што го играм во филмот. Тоа за мене е голема среќа, а понатаму публиката ќе го каже своето мислење“, рече Веселинов.
Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм, од Еуроимаж и Српскиот филмски центар.
„Драги филмаџии може да се гордеете со нашите филмови, нашата култура, со македонскиот јазик затоа што ако погледнеме наназад во изминативе месеци каде се беше присутен македонскиот филм и македонскиот јазик, ќе забележиме дека беше во Северна Америка, Европа, за две недели одиме во Токио, сега добиваме убава информација дека се селиме и на Африканскиот континент. Кај мене, како директор на Агенцијата за филм чувството е прекрасно бидејќи македонскиот филм стана најголем амбасадор на македонската култура“, рече Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм, честитајќи им на успехот на тимот.
Лазаревски увери дека ќе продолжат да финансираат успешни млади автори од Македонија и дека тие и понатаму ќе не претставуваат низ светот.
„Моја најголема желба е не само да продолжи поддршката на млади автори, туку и да се зголемува затоа што ова што тие го прават не прават горди нас, како Агенција за филм, но и целата јавност“, потенцираше Лазаревски.
Продуцентот Гоце Кралевски информираше дека покрај светската премиера на филмот, очекуваат набргу и европска премиера, исто така на голем меѓународен фестивал од А категорија, а на пролет филмот ќе може да го погледне и македонската публика.
„Да не беше оваа добра екипа немаше да направиме вака добар филм, бидејќи сметам дека филмот е онолку добар колку што е добра екипата која стои зад него“, рече Кралевски.
Агенција за филм Каиро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.