НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трас: Јас сум борец кој не се откажува

0
By Ана Василевска on October 19, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската премиерка Лиз Трас изјави дека е „борец кој не се откажува“ додека се обидува повторно да воспостави авторитет над Конзервативната партија во услови на се почести медиумски извештаи дека се интензивираат повиците за нејзина смена.

Трас се обидува да собере поддршка во партијата, откако беше принудена да се откаже од планот за намалување на даноците, поради што некои конзервативни пратеници побараа нејзина смена од лидерската функција само неколку недели по преземањето на премиерската функција.

Таа призна дека нејзините радикални економски планови отишле „премногу далеку и пребрзо“ откако инвеститорите им свртеле грб на фунтата и државните обврзници.

Но, бидејќи каматните стапки растат и официјалните бројки покажуваат дека инфлацијата е највисока во последните 40 години, Трас – избрана од конзервативните пратеници со ветување дека ќе ги намали даноците и ќе ја одржи јавната потрошувачка – се соочува со битка да ја убеди јавноста и нејзината партија дека може да одговори на кризата со трошоците за живот.

Анкетите покажуваат дека конзервативците заостануваат околу 30 поени зад главната опозициска Лабуристичка партија, а нејзиниот рејтинг е катастрофален.

„Јас бев многу јасна дека се извинувам и оти направив грешка, им рече Трас на опозициските пратеници додека одговараше на прашања во парламентот. „Јас сум некој кој е подготвен да се соочи со тоа. Подготвена сум да донесам тешки одлуки“, додаде Трас.

Шпекулациите за иднината на премиерката продолжуваат да растат, а медиумите пишуваат дека бунтовните конзервативци одмеруваат кој треба да ја замени а не дали треба да замине.

Додека беше испрашувана за нејзините пресврти во економската политика, конзервативните пратеници изгледаа забележливо непријатно, коментираат медиумите.

Трас, исто така, се соочи со потсмев од лидерот на лабуристите Кир Стармер, кој коментираше дека се пишува нова книга за нејзиниот мандат која треба да излезе до Божиќ.

„Дали е тоа датумот на излегување или насловот? праша тој и подоцна рече дека таа му поставувала прашања за политиката на лабуристите бидејќи „ние сме влада во чекање“.

Трас и нејзиниот нов министер за финансии Џереми Хант очајнички се обидуваат да ги балансираат финансиите откако нејзината сега веќе укината економска програма ја разниша довербата на инвеститорите.

Тие, исто така, се обидуваат да избегнат отуѓување на конзервативните пратеници или губење на понатамошната јавна поддршка.

Таа во Парламентот рече дека е посветена на зголемување на државните пензии во согласност со инфлацијата, откако министрите со денови одбиваа да гарантираат дека ќе се случи тоа, што предизвика широки критики. Но, таа одби да го даде истото уверување за социјална помош и странска помош.

Таа, исто така, се обиде да го заобиколи конзервативното противење на фракингот со ветување дека подоцна ќе даде детали за тоа како локалните заедници ќе можат да дадат согласност за какви било идни проекти.

Објавата ќе се совпадне со гласањето на лабуристите за тоа дали треба да има целосна забрана за фракинг, откако владата минатиот месец го укина мораториумот во Англија што беше во сила од 2019 година.

Конзервативните политичари, одговорни за спроведување на партиската дисциплина меѓу пратениците, испратија порака дека гласањето ќе се третира како „глас за доверба на владата“.

Коментаторите велат дека победата во ова гласање може да им овозможи на неа и на нејзините поддржувачи да кажат дека партијата има доверба во нејзиното раководство

Британија Лиз Трас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.