НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кон средина на ноември се очекува одлука дали е прифатлива грчката понуда за градба на хидроелектраната Чебрен

0
By Соња Крамарска on October 26, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини информира дека комисијата која оценува дали е прифатливата понудата од Грција за изградба на хидроцентралата Чебрен, најверојанто ќе донесе конечна одлука кон средината на ноември.

Нуредини ова го изјави од Тетовско каде се во тек изведбените работи од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион.

„Сè уште немам извештај од комисијата која има членови од разни институции од државата, тоа ќе биде во средина на ноември. Ако има потреба ќе се пролонгира и рокот, ако биде потребно очекувам дека до крај на година ќе имаме извештај од комисијата и ќе презентирам на Влада. Ако биде до крај на година мислам дека во 2023 година ќе може да почнеме со изградба на Чебрен“, рече Нуредини.

Тој потсети дека и покрај 14-те неуспешни тендери државата сè уште се обидува да најде решение поради важноста на оваа хидроцентрала на Црна Река. Според него, оваа хидроцентрала ќе има голема улога во балансирањето на мрежата и помагањето во транзиција кон обезбедување обновлива енергија.

„Чебрен е неопходен за државата. Ние сите сакаме да инвестираме во обновливи енергетски извори, но во исто време без Чебрен, без балансирање на мрежата, нема да функционира стратегијата на државата. За жал не било успешено досега, но ќе направиме се што е потребно ако е добра понудата и да биде изградена хидроцентралата и во функција најдоцна до 2030 година“, порача Нуредини.

Грчката компанија има услов да овозможи создавање на најмалку 330 мегавати електрична енергија.  Има потенцијал за уште една повеќе, а постои можност за поврзување со ХЕЦ Тиквеш со цел надминување на 450 мегавати.

 

Насер Нуредини ХЕЦ Чебрен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.