Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска е во работна посета на Грција и ќе оствари средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Планирано е Мицотакис и Шолц утрово да го посетат Акропол, по што ќе следи тет-а-тет средба во премиерската палата.
Според заменик- портпаролот на германската Влада Волфганг Бихнер, Мицотакис и Шолц ќе разменат мислења за актуелните економски и европски теми.
Германскиот канцелар пристигна синоќа во Атина, директно од Париз каде што се сретна со претседателот на Франција Емануел Макрон.