Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Славчо Попоски: Според последните метео анализи и во ноември ќе биде топло и без врнежи

0
By Соња Крамарска on October 27, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 27, 2022 12:37

Според последните анализи кој ги подготвивме со помош на најпрецизните нумерички модели, големо заладување и нешто повеќе врнежи не се очекува ниту во ноември месец. Така е барем според сегашните анализи, а промени во прогнозата секако дека се можни, вели за НоваТВ метеорологот Славчо Попоски.

„Месец ноември ќе помине во знакот на натпросечно и сушно време. Не се очекуваат некои многу интензивни врнежи кои би довеле до крај на сушата која е настаната во Македонија. Температурите ќе бидат натпросечно високи, што значи дека ќе бидеме под влијание на јужно и релативно топло воздушно струење“, посочува тој.

„Секако и покрај ова очекуваме повремени разладувања на времето, но и тоа не би било нешто посебно и значително. Не барем според моменталните анализи. Ако вака останат работите на нумеричките модели, пролетните температури продолжуваат и во месец ноември а за зима ќе почекаме во декември“, дополнува Попоски.

Тој вели дека освен во Македонија, натпросечно топло време ќе има и целиот регион но и целиот Европски Континент.

Сепак, вели метеорологот Попоски, со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во прогнозата и тоа како се можни. Затоа добро би било граѓаните да ги следат нашите секојдневни анализи на времето, со цел да бидат навремено информирани за евентуално пристигнување на зимските температури но и на првиот снег на пониските места.

временска прогноза за ноември 2022 Славчо Попоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.