Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето на M15 турнирот во Ираклион, Грција.
Во четири меча Калин оствари 4 победи, без изгубен сет. До пласман во финалето стигна со победите против двајца чешки тенисери Jiri Jenicek (6-4 ; 6-3) и Jakub Nicod (6-4 ; 6-4), со победа против германскиот тенисер Marlon Vankan (6-3 ; 6-1), а само што заврши и полуфиналниот меч во којшто нашата голема тениска надеж извојува победа против Andrea Guerrieri од Италија (7-6 ; 6-3).
Во утрешното финале најверојатен противник на Ивановски ќе биде првиот носител на турнирот, Sebastian Gima од Романија.
Ацо Лукароски