Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадинов: СДСМ има решенија за предизвиците и успешно менаџира со кризата

0
By Ана Василевска on October 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 29, 2022 20:55
Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов на граѓанската трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“, во Кратово истакна дека СДСМ ги слуша граѓаните и ги следи нивните потреби и во време на најголема економска и енергетска криза СДСМ и премиерот Ковачевски имаат решенија за предизвиците и успешно менаџираат со кризата, соопштуваат од СДСМ.
„Нашата визија, визијата на претседателот Ковачевски е економски силна и стабилна држава полноправна членка на ЕУ. Тоа е големата слика на која секојдневно работиме, да озбедиме сигурна и стабилна иднина за сегашните и идните генерации, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ“, порача Костадинов.
Потпретседателот Костадинов наведе дека Владата предводена од СДСМ уште во првите 100 дена ја покачи минималната плата на 18.000 денари, просечната плата и во услови на криза во септември порасна на 31.812 денари, од почетокот на годината пензиите на сите 330.000 пензионери се поголеми за 10 отсто и ќе растат и ќе се усогласуваат и понатаму.
„Во првата половина од оваа година донесовме пакет од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра за помош на граѓаните и стопанството, и не застанавме тука, месецов, донесовме нов пакет на мерки за помош вреден 350 милиони евра, каде директно им се помага на над 200.000 граѓани кои се со ниски примања“, нагласи Костадинов.
Тој нагласи дека оваа светска економска криза ни покажа колку е важно домашното производство на храна и енергија.
„Затоа за оваа година покрај повисоките и навремени субвенции обезбедивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, а веќе од следната година со новиот систем на субвенционирање земјоделците авансно ќе добиваат дел од субвенциите, за да имаат пари кога најмногу им се потребни, истакна Костадинов, додавајќи дека струја и енергенси ќе има доволно, а државата ќе продолжи да ја субвенционира со 80 отсто сметката за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании“., стои во соопштението.
Потпретседателот Костадинов нагласи дека додека СДСМ успешно менаџира со кризата и се бори за стандардот на граѓаните и преку централната власт рамномерно инвестира во секоја општина, а градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ цела година не работат ништо, нема ниту еден нов проект, а многу од наследените проекти се намерно прекинати и не се реализираат.
„За СДСМ рамномерниот регионален развој е приротет, што го гледаме и преку инвестирањето во важни проекти во секоја општина, додека од страна н ВМРО-ДПМНЕ гледаме само масовна партизација на единиците на локалната самоуправа и расипничко трошење на парите на граѓаните. Очигледна е разликата помеѓу нашиот одговорен, чесен и домаќински пристап и деструктивниот, неодговорен и нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во Кратово на граѓанската трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.

 

СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.