НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косовските институции од денеска без Срби

0
By Соња Крамарска on November 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што се наведува, поради едностраните потези на Приштина, Србите на северот на Косово  поднесоа оставки од сите позиции во локалната самоуправа, судството и полицијата. Тие бараат од Приштина целосно спроведување на Бриселскиот договор, формирање Заедница на српски општини и повлекување на едностраната одлука за регистарските таблички.

Сите српски судии го завршија процесот на повлекување од Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица, пратениците од српската листа ги вратија пратеничките мандати на Собранието на привремените институции во Приштина, а српските полицајци од сите четири општини од северот на Косово кои исто така поднесоа оставки од утрово доаѓаат во полициската станица во Косовска Митровица за да ја раздолжат опремата и оружјето.

Од денеска Срби нема да има ниту во другите институции и служби формирани според Бриселскиот договор. Судските органи останаа без судии и обвинители, локалната самоуправа без администрација и функционери затоа што оставки поднесоа и општински и административни службеници.

И покрај незадоволството на Србите од политиката на владата во Приштина на северот на Косово деновиве е мирно, а утрово редовно почна наставата во училиштата, отворени се и здравствените установи, а дуќаните се добро снабдени.

Се очекуваат дипломатски и политички решенија за настанатата криза во односите меѓу локалните Срби и владата во Приштина.

Американската амбасада во Приштина побара од косовскиот премиер Албин Курти веднаш да формира Заедница на српски општини. Од амбасадата бараат и од Србите да се вратат во институциите, предупредувајќи дека актуелните спорови, како што велат, имаат капацитет дополнително да ескалираат на терен.

На синоќешната седница на Владата во Приштина, Албин Курти рече дека „не може да се загрозат законитоста и уставноста а дијалогот и институциите немаат алтернатива“.

Курти го повтори повикот до Србите да не ги бојкотираат и да не ги напуштат косовските институции, за кои рече дека им служат на сите без разлика.

Протестот на Србите уследи по потегот на Приштина, без претходен договор, да ги укине привремените српски таблички и да почне да ги казнува оние кои не сакаат да ги регистрираат своите автомобили со таблички РКС (Република Косово).

Косово повлекување на Срби од институции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.