НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генерален штрајк во Грција

0
By Соња Крамарска on November 9, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За зголемување на платите, колективни договори и хумани услови за работа, но и „да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни“, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), денеска почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот што почна во шест часот утрово создаде проблеми во бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и во јавниот превоз во Солун и Атина, а во грчката метропола, денеска нема да сообраќаат ни такси возилата.

Бродовите 24-часа ќе останат закотвени на пристаништата, има промени како во железничкиот, така и во авионскиот сообраќај, а во Атина иако беше најавено дека метрото и автобусите неколку часа ќе прекинат со работа, доцна синоќа нивниот штрајк беше прогласен за незаконски и одговорија со 24-часовен штрајк.

Грција денеска ќе биде и без вести и информативни емисии, поради учеството на новинарите во штрајкот, а нема да функционираат ни јавните служби и државните институции, но затворени ќе бидат и некои од продавниците.

Учество во штрајкот најавија и од федерацијата на просветните работници.

Од синдикатите велат дека вработените, како во јавниот, така и во приватниот сектор водат битка со поскапувањата на цените која ги погоди домаќинствата и граѓаните.

„Наглото поскапување на струјата, на горивата, на основните продукти, инфлацијата од 12 отсто ги трошат приходите на работниците, ги осиромашува. Во нашата земја, работниците веќе живеат во перманентна криза, откако веќе 12 години ја плаќаат кризата додека економската олигархија на државата си го зголемува богатството и профитот. Сега е време да се стави крај на оваа политика која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни“, соопштија од синдикатите во пресрет на денешниот штрајк.

Во повеќе грчки градови ќе се одржат протести, а за во Атина, за претпладнево се закажани неколку собири, како од АДЕДИ и ГСЕЕ, така и од синдикатот (ПАМЕ) на Комунистичката партија, а на протест и масовно учество во демонстрациите, преку соопштение повикаа и од опозициската СИРИЗА.

Сириза штрајк во Грција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.