Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хибридна војна: Оркестрирани ли се заканите со бомби низ училиштата со оние во соседството?

0
By Ана Василевска on November 9, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
Гимназија Јосип Броз Тито под полициско обезбедување - фото Биљана Јордановска/Цивил медиа
Гимназија Јосип Броз Тито под полициско обезбедување - фото Биљана Јордановска/Цивил медиа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2022 15:26

Ана Василевска

Навикнавме утрата да ни почнат со евакуација на училишта, растрчани средношколци, блокирани раскрсници од полицијата која постапува по заканите со бомби во скопските училишта. Информациите за заканите за поставени бомби во скопските училишта веќе трета недела шират тензии и страв во јавноста. Во објавите стои дека единиците на МВР за антитероризам вршат проверки, учениците се евакуирани, а заканите се лажни.

Досега, малку или воопшто официјални лица од повиканите институции не се огласија со повеќе детали за оваа сериозно вознемирувачка појава, закана по животот и безбедноста на граѓаните особено на децата. Но, заканите со бомби не станаа секојдневие само кај нас. Веќе неколку месеци на мета се електронските адреси на објекти во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, односно во Белград, Загреб, Бања Лука, Нови Сад, Крагуевац, Ниш. Училишта, трговски центри, клинички центри, плоштади, аеродроми  и други јавни објекти не се поштедени од заканите.

„Се ќе лета во воздух“, „Поставен е експлозив, имате неколку минути да го напуштите објектот“, „Никој нема да застане на патот до слободата“ се само дел од содржината на заканувачките мејлови што беа обелоденети во написите во земјите од нашето опкружување. Од МВР нема информација за содржината на пораките што пристигнуваат кај нас.

Епилогот речиси секаде е ист, заканите се лажни и досега не се добиени повеќе информации за сторителите. Долгото одлагање на деталите околу овие информации остава простор за шпекулации.

Првата закана со бомба во Скопје во автобус на ЈСП 

Алармот со заканите за бомби во Скопје се вклучи минатиот месец по пристигнатата закана со бомба наводно поставена во автобуси на ЈСП. За овој случај од МВР информираа дека вработен на ЈСП кој бил незадоволен од доцнење на платата испратил мејл на директорите, службите за финансии дека планира да постави бомба. Лицето беше на распит, и тоа е последната информација која ја добивме.

Јавното обвинителство, пак, врз основа на приложените информации од проверките на единиците на терен како и одделението за хибридни напади на МВР, досега само еднаш изврши распит по заканите со бомби во училиштата.

На почетокот од месецов добивме информација дека е приведено момче за кое постоело сомневања дека има поврзаност со „бомбашките“ закани во скопските училишта, но по распитот и вештачењето во Јавното обвинителство лицето беше ослободено.

Во категоризацијата на појавата со заканите станува збор за тероризам  

Според Кривичниот законик: „Терористичко загрозување на уставниот поредок или безбедноста Член 313 Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.“

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање ги коментираше и најновите закани за поставени бомби, утрово во две средни училишта. Тој истакна дека целиот регион е под хибридни напади и додека во еден дел од Европа се води војна со оружје, во другите делови постои хибридна војна каде што преку најразлични методи се создава вознемиреност во државите.

Гимназијата Јосип Броз Тито без ученици по утринските закани со бомби - фото: Ангел Ангеловски
Гимназијата Јосип Броз Тито без ученици по утринските закани со бомби – фото: Ангел Ангеловски

Помош од меѓународни органи за истрага на случајот, според протоколот за постапување, МВР може да побара ако биде констатирано дека во заканите е вклучен странски фактор. Мејловите со закани, на пример, пристигнуваат од домејн со странска адреса. Дали тоа ќе биде доволна причина за вклучување на странски експерти, останува да се види.

Хрватска, во јуни, кога зачестија заканите со бомби, во истрагата го вклучи Интерпол и Европол и побара и друга меѓународна помош за справување со заканите.

Белградскиот весник „Данас“ кој интензивно ги следи настаните со закните со бомби во Србија доби закани и кон редакцијата. Адвокатот на весникот Родољуб Шабиќ во утринската програма на Н1 телевизија вчера изјави дека заканите кон овој весник доаѓаат преку швајцарскиот сервис (интернет платформа) Протон и дека „ова е најстрашна можна закана досега“.

Весникот добил закана дека целата редакција ќе биде „ликвидирана“ односно ќе ја доживее судбината на францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо, каде беше извршен масакр во 2015 година, со претходна акција кон весникот и во 2011 година.
Српското обвинителство презело на себе да побара од швајцарските власти откривање на корисникот на платформата на Протон, бидејќи се работи за тероризам.

Искуството на антитерористичките органи со лажните закани со бомби, сепак, укажува на тоа дека тие можат да станат и вистински. Од сите отворени прашања што се провлекуваат додека јавноста нема доволно информации за случаите кај нас. Оттаму, тоа отсуство на информации остава простор за шпекулации и дезинформации, како и оправдана загриженост дали постои план доколку заканите во еден момент престанат да бидат лажни.

 

лажни дојави за бомби Министерство за внатрешни работи Хибриден напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.