НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Млади од Северна Македонија дел од паневропски настан „Филмски ден на млада публика“

0
By Marta Pesevska on November 13, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три филмови од кои два долгометражни и еден документарен се селектирани од страна на филмските експерти и тинејџери од цела Европа кои ќе бидат во трка за Наградата за најдобар Европски филм за млада публика за 2022. Наградата е посветена на европските филмови за публика помеѓу 12 и 14 години и претставува официјална категорија уште од 2012 година. Пренесува МИА.

Како што информира Агенцијата за филм, победниците се бираат од млади луѓе како жири и тоа од 42 европски земји кои ќе гледаат три филма он-лајн, но и во повеќе од 60 киносали во преку 70 европски градови.

Mладите од нашата земја по петти пат ќе бидат дел од пан-европскиот настан „Филмски ден на млада публика“, кој денеска истовремено ќе се случува низ европските градови. Настанот е предвиден да се одржи во Кинотеката и да опфати млади на возраст од 12 до 14 години.

Наградата е официјална категорија во рамки на Европските филмски награди огранизирани од страна на Европската Филмска Академија и ЕФА Продакшнс.

Гласовите од Скопје ќе бидат соопштени преку видео клип во којшто ќе земат учество сите учесници со фокус на два учесници од нашето жири во улога на презентери. Настанот во Скопје е во организација на Европската филмска академија и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Во официјална конкуренција се филмовите: францускиот „Животно“, режирано од Сирил Дион, шведскиот „Кралица на комедијата“ на Сана Ленкен и германскиот „Соништата се како диви тигри“ на Ларс Монтаг. Големото финале ќе биде на прославата на Европските филмски награди на 10 декември во Рејкјавик.

-Идејата е преку активно учество на младите луѓе не само што го запознаваат високо квалитетниот европски филм, преку кој спознаваат различни култури и се разгледуваат важни општествени прашања, но исто така им овозможува на младите да придонесат кон позитивна промена преку демократско гласање како членови на европското семејство, се наведува во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.