Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски ја кажа вистината за ВМРО-ДПМНЕ

0
By Marta Pesevska on November 13, 2022 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Ерол Ризаов
Ерол Ризаов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 13, 2022 19:27

Македонија може да здивне за својата европска иднина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја кажа вистината за неговата партија соопштувајќи ја гаранцијата за добрососедство со Бугарија што ќе го отвори патот за непречени преговори со ЕУ и брзо членство во европското семејство. Доволни беа две  реченици на наводниот иден премиер и да се решат сите пречки во односите меѓу двете држави: „Ванчо Михајлов е дел од историјата на ВМРО ДПМНЕ. Тоа не значи дека ние сме се сложиле со тие политики, но тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува“.

 

И што има тука што не е точно. Од збор до збор сѐ си е на своето место, кажано јасно и гласно, освен дилемата дека тоа не значи дека се сложиле со тие политики. Но, треба да се почитува. Ами како. Изненадени, загрижени, разочарани и лути се само тие што ова не го знаеја и не веруваа. Ние што ова го знаеме одамна за континуитетот на Ванчо Михајлов и на ВМРО-ДПМНЕ можеме да му честитаме за нападот на искреност и големата храброст што Мицкоски ги кажа своите и партиски планови и погледи како што рече со почит кон минатото „да се задржиме на денешницата и да гледаме кон  иднината на Македонија“. Изненадени сме малку само од фактот колку многу луѓе му верувале на Мицкоски за патриотизмот  на  ВМРО-ДПМНЕ и за опасноста од „бугаризација и асимилација“ на македонскиот народ во сопствената држава.

Останува само уште еден чекор кон историската цел што побрзо да се одржат предвремени парламентарни избори за веднаш по големата победа на ВМРО-ДПМНЕ да дојде до целосна реализација на тој почитуван континуитет и наследство кој револуционерната партија никогаш не само што не го проблематизирала, туку го ставила во темелите на своето оснивање и делување.

Во големо исчекување сум на реакциите на оние академски корисни будали и коцаревци кои молчеа кога по втор пат се убиваа жрвите на долгата рака на ВМРО со континутетот на ДПМНЕ. Молчеа и кога се менуваа имињата на улиците на народните херои и кога се кршеа во пармпарчиња нивните бисти и споменици. Молчеа и кога преживеаните борци од НОБ ги избркаа од нивните простории и кога тие со солзи во очите маршираа во знак на протест на скопскиот плоштад. Молчеа и кога таткото на литературниот јазик го нарекуваа Коневиќ и џуџето од Небрегово, за сега како папагали да ги повторуваат зборовите на партискиот лидер за опасноста од бугаризација и асимилација, за предавствата и велепредавствата, за менување на историјата, за бугарските клубови, особено на оној посветен на човекот со политиките на почит. После ова секое нивно лелекање за големите опасности треба да оди на вистинската адреса. Инаку ќе служат за потсмев. Така е тоа секогаш  кога науката влетува во дневно-партиска политика.

ЕРОЛ РИЗАОВ

Извор: Независен 

ВМРО-ДПМНЕ Ерол Ризаов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.