НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски на меѓувладината седница со Албанија: Сега е моментот да се осигура заокружување на европското семејство

0
By Соња Крамарска on November 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ние толку често комуницираме со Еди и толку е тесна соработката помеѓу нашите министерства и институциите, меѓу нашите две земји, што јас навистина, имам чувство дека ние денес, тука сме сите како дома. И прекрасно е чувството, затоа што се сеќаваме сите, не толку одамна, целиот Балкан беше во заложништво на ретроградни политики“, рече Ковачевски на почетокот на заедничката владина седница со Албанија што се одржува денеска во Скопје.
Посакувајќи им добредојде на гостите тој додаде и дека билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри од денес. „На 19 јули, и двајцата во име на нашите две држави и граѓани ја имавме честа да ги чуеме зборовите ‘ги означувам преговорите за започнати’ кои ги изговори чешкиот министер за надворешни работи. Ние имаме иста цел – полноправно членство и на Северна Македонија и на Албанија во Европската Унија“, рече Ковачевски.

Премиерот пред албанските колеги порача и дека меѓудржавната и регионалната соработка е важна особено сега кога се води војна на европскиот континент. „Северна Македонија се постави јасно на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на војната во Украина. Знам дека тоа го направи и Република Албанија. Заедно стоиме на страната на светскиот мир и ја одржуваме стабилноста на регионот“, нагласи тој.
„И Европската Унија конечно сфати дека и нејзин стратешки и безбедносен интерес е Западен Балкан да биде дел од Европа и дека сега е моментот да се осигура заокружувањето на европското семејство“, порача Ковачевски.
Македонскиот премиер додаде дека отворањето на преговорите и започнувањето на скринингот е огромен успех за сите нас. „За нас, за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик, признанието од Европа беше многу важно. Преговорите беа мачни и тешки, но успеавме да ги задржиме нашите позиции и да го постигнеме она за кое се боревме, а тоа е да си го зачуваме македонскиот јазик и да го издигнеме на исто рамниште со останатите јазици на Европската Унија“, рече тој.

„Доказ за нашиот напор и исполнетото ветување пред граѓаните беше потпишувањето на Договорот за ФРОНТЕКС, како прв ваков договор на кој сме ставиле потпис заедно со сите останати 27 земји членки, на македонски јазик, без никакви додавки, фусноти или дообјаснувања“, подвлече Ковачевски.

Ова е втора меѓувладина седница во Скопје, по првата во Поградец. Ќе бидат потпишани повеќе меморандуми за соработка меѓу Македонија и Албанија, од кои позначајни се за снабдување со енергија и за патна поврзаност.

Како што нагласи Ковачевски на денешната меѓувладина седница, доказ за добрата соработка е и договорот за враќање на незаконски изнесени икони од нашата држава, за коишто, по завршената кривична постапка во Албанија, преку денешниот договор, ќе се започне со постапка за физичко враќање во државава.

С.К.

 

Димитар Ковачевски меѓувладина седница со Албанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.