НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел им достави на Србија и на Косово предлог за решение на кризата

0
By Соња Крамарска on November 14, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Односите на Србија и Косово ќе бидат во фокусот на расправата посветена на случувањата на Западниот Балкан на денешниот состанок на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ).

Според најавите, високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ќе ги извести шефовите на европските дипломатии за застојот во дијалогот Косово – Србија и за состаноците кои, кон крајот на минатата недела, тој ги одржа во Париз со премиерот на Косово Албин Курти и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Борел потврди дека на Србија и Косово им предал предлог за решавање на кризата.

„Мора да најдеме излез од оваа криза. Изнесовме предлог за излез од кризата, тие треба да го разгледаат. Се работи за добро решение за излегување од оваа криза“, изјави Борел во пресрет на состанокот.

Се очекува на крајот на расправата, шефовите на дипломатиите на ЕУ да го повторат повикот за конструктивно ангажирање на страните во надминување на предизвиците и намалување на тензиите.

Тие исто така ќе бараат напредок во процесот на дијалогот кон постигнување сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализација на односите меѓу двете страни.

Односите Белград – Приштина се затегнати поради неодамнешната одлука на косовската влада да почне со примена на одлуката за укинување на регистарските таблички издадени од српските органи за возилата кои главно ги користат Србите на северот на Косово.

Претставниците на меѓународната заедница побараа од официјална Приштина да ја одложат примената на одлуката за 10 месеци, што косовските власти го отфрлија.

ЕУ и САД изразија разочарување од оваа постапка.

Поради заострените односи не дојде до нова средба меѓу Курти и Вучиќ, иако од ЕУ се очекуваше дијалогот да добие нова динамика и дека лидерите ќе се среќаваат еднаш месечно.

Во меѓувреме беше потврдено постоењето на таканаречен германско-француски план за дијалогот, но двете страни имаат дијаметрално различни позиции околу овој план.

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 3 ноември во Берлин рече дека овој план сега е „интегриран во процесот на дијалогот“.

Иако ситуацијата на Косово ќе биде главна тема на состанокот, се очекува министрите да разменат мислења и за влијанието на руската агресија врз Украина во регионот, како и за политичката ситуација во Црна Гора и во Босна и Херцеговина.

Тие ќе разговараат и за процесот на проширување на ЕУ во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан кој треба да се одржи на 6 декември во Тирана.

 

Жозеп Борел Косово-Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.