Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: Во регионот нема друг пат за соочување со предизивиците освен соработка

0
By Соња Крамарска on November 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 14, 2022 13:20

Во регионот нема друг пат на соочување со предизвиците и тешкотиите – од климатските промени до конвенционалните војни, освен соработката, а имаме многу да направиме едни со други, изјави албанскиот премиер Еди Рама на заедничката владина седница во Скопје.

„Денес нашите две земји го отворија процесот на преговори и фактички направија голем исчекор напред. На 6 декември во Тирана ќе се одржи Самит на ЕУ со Западен Балкан и ние ќе бидеме таму заедно. Верувам дека таму ќе направиме исчекор повеќе, со цел Унијата да не вклучи повеќе во сите напори за да се организираме во пресрет на високите цени на електрична енергија и инфлацијата. Од друга страна да изградиме заеднички план што ќе ни даде можност да гледаме подалеку од оваа фаза што е многу тешка, тмурна и која мораме да ја надминеме“, рече Рама.

Албанскиот премиер оцени дека не мора да очекуваме крај на војната за да проектираме иднина, а од овој аспект, додаде тој, Албанија и Северна Македонија направија подготовки обидувајќи се да се проектираат во иднината, од аспект на Западен Балкан, како наш регион и ЕУ како наша дестинација.

„Верувам дека Отворен Балкан ни даде нови можности да гледаме подалеку во однос на вчера за да разбереме како можеме да ја надминеме денешнината и истовремено да проектираме иднина што максимално ќе ги зголеми способностите на нашите змеји да се здобијат со поголем простор, отколку што е нашиот простор географски сега“, нагласи Рама.

Албанскиот премиер потсети на резултатите направени во рамки на Отворен Балкан и рече дека ќе продолжат да го поддржуваат Берлинскиот процес, бидејќи, како што кажа, тие две се поврзани една со друга.

„Дојдено е времето да се проектираме повеќе со поголема силина и со поголеми амбиции и после воениот период и на време да го добиеме максимумот денес, со способноста да се создаде поцелосна синергија во европската заедница. Без дискусија дека поддршката добиена од ЕУ за нашите буџети од аспект на соочување со кризата на цената на енергијата е една добра вест, но од друга страна, доколку имаме предвид дека тие фондови се реалоцирање на ИПА тогаш треба да бидеме уште поамбициозни“, оцени албанскиот премиер во обраќањето на заедничката владина седница во Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски и македонската владина делегација претходно официјално ги пречекаа Рама и албанската владина делегација пред платото на Владата, со највисоки државни и воени почести.
Ковачевски и Рама, имаа тет-а-тет средба, по што во тек е меѓувладината седница на која ќе има и дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.

На денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.
Еди Рама меѓувладина седница во Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 21, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

ВЕСТИ June 21, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да го „преземат“ Ормускиот теснец доколку…

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.