Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина: Белорусија нарачала печатење на 50.000 покани за мобилизација

0
By Gabi Tocko on November 14, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 14, 2022 22:30

Генералштабот на вооружените сили на Украина тврди дека добил информација дека воениот комесаријат на белорускиот регион Брест објавил тендер за печатење на 50.000 покани за мобилизација со рок до крајот на оваа година.

Според достапните информации, воениот комесаријат на регионот Брест објави тендер за печатење на 50.000 покани за мобилизација со рок до 31 декември во тековната година, пишува во дневниот извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Белорусија тврди дека не сака директно да се вклучи во војната, но дозволува руските трупи да бидат стационирани на нејзина територија, која Русија ја користеше како позадинска база за нејзината инвазија врз Украина кон крајот на февруари.

Минск и Москва најавија заеднички воени сили во октомври, а украинската војска е загрижена поради „растечката закана“ од нова руска офанзива од Белорусија.

Украина во петокот објави дека гради армирано-бетонски ѕид и други видови барикади на границата со Белорусија. Советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко изјави дека во областа Волин, на границата со Белорусија, е подигнат ѕид долг три километри, покриен со бодликава жица.

Кијив наведува дека Белорусија и понатаму претставува закана. Поставени се и вреќи со песок, а се копаат ровови, рече Тимошенко. „Тоа не е се, но нема да откриваме детали“, рече официјалниот претставник.

Украинскиот министер за одбрана изјави за Ројтерс дека се уште постои закана од Белорусија, но дека тамошните сили се „во пасивна позиција“. Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.