Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новата стратегија на ЕУ за односите со Русија предвидува интензивирање на политиките на проширувањето 

0
By Соња Крамарска on November 15, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 15, 2022 11:40

БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ вчера ја започна дебатата околу иднината на односите со Русија. Дебатата , според дипломатски извори се води според нацрт текстот на новата стратегија за односите со Москва во која се дефинирани таканаречени „насоки според кои ќе се дефинира оваа нова стратегија“. Една од нив се нарекува „подршка на соседите на ЕУ преку политиките на проширувањето“ и се однесува на земјите од Западниот Балкан.

Руската инвазија на Украина и промената на сегашниот геополитички пејзаж веќе предизвикаа заживување на процесот на проширување на ЕУ по речиси една деценија стагнација. „Тоа, исто така, доведе до сознание дека стратешкиот интерес на ЕУ за стабилна и безбедна средина во нејзиното блиско соседство мора да оди подалеку од размислувањето која ќе биде следната членка“, се вели во нацрт стратегијата врз чија основа се водеше вчерашната дебата во Советот.

Во новата стратегија предвидува „меѓународно изолирање на Русија, наметнување и спроведување рестриктивни мерки против Русија и спречување на нивно заобиколување, со цел да се спречи таа да води војна“.

Една од „насоките“ e „обезбедување одговорност за сторителите и соучесниците одговорни за кршење на меѓународното право и воени злосторства извршени во Украина“.

Според нацрт-принципите, ова би вклучувало и „соочување со глобалните последици од војната“.

„Русија, користејќи храна како оружје во војната против Украина, е единствено одговорна за глобалната криза со безбедноста на храната што ја предизвика“, се вели во нацрт-текстот.

Нацртот, исто така, ги повика земјите-членки „тесно да соработуваат со партнерите ширум светот и со сојузниците во НАТО за да го одбранат и зајакнат меѓународниот поредок заснован на правила“.

Според нацртот, „сфери на влијание немаат место во 21 век и не можат да бидат дел од идниот европски безбедносен поредок“.

 

 

 

проширување руска инвазија Совет на министри на ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.