НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФБИ отвори истрага за убиството на новинарката на Ал Џазира

0
By Соња Крамарска on November 15, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соединетите Американски Држави го информираа Израел дека донеле одлука да го истражат убиството на Палестинката Ширин Абу Аклех, новинарката на Ал Џазира која беше убиена во мај, додека известуваше за израелската воена операција во бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег.

Судејќи според првичните извештаи, истрагата ќе ја води Федералното истражно биро – ФБИ, пишува Тајмс оф Израел. Според израелските медиуми оваа одлука е голем удар за владата на Израел и спроведувањето закони и се смета како недостиг на доверба во израелските способности да спроведат сопствена истрага за убиство.

Како резултат на американската истрага, може да има барања да се истражат израелски војници и да им се суди.

Израелската страна најпрво тврдеше дека новинарката била погодена од вкрстен оган и оти е убиена од страна на палестински екстремисти.

Во септември беше објавен извештај на израелската војска, според кој таа веројатно е убиена од куршум испукан по грешка од израелски војник. Палестинската управа тврдеше дека жртвата била намерно цел.

Кога беше убиена, за време на конфликтите меѓу вооружени Палестинци и војници, што избија штом војниците влегоа во кампот, 51-годишната новинарка носела шлем и заштитен елек со напис „прес“.

Одлуката на САД е донесена по најави со месеци дека ќе биде отворена американска истрага, под силен притисок од семејството на Абу Аклех, која имаше американско државјанство, како и од членови на Конгресот од Демократската партија.

За израелскиот министер за одбрана Бени Ганц, одлуката за истрага на САД, е „сериозна грешка“.

Тој потсети дека израелската  војска спроведе сопствена истрага и наодите ги даде на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

„Јасно им кажав на американските офицери дека ние стоиме заедно со војниците на ИДФ (Израелските одбранбени сили) и нема да сораборуваме ниту со една странска истрага и нема да дозволиме мешање во израелските внатрешни работи“, напиша Ганц на Твитер.

Според семејството на новинарката, отворање на американска истрага за нејзината смрт е „важен чекор“.

„Тоа е важен чекор кон одговорност и го доведува нашето семејство чекор поблизу до правдата за Ширин“, наведоа блиските на Твитер, оценувајќи дека американските власти имаат одговорност да спроведат истрага кога американски државјанин е убиен во странство, особено во случајот на Ширин, која била убиена од странска војска.

Одлуката е донесена откако израелската војска одбила судски да се гони војникот, осомничен дека ја убил долгогодишната новинарка на Ал Џазира, добро позната во арапскиот свет.

Извор: МИА

 

истрага новинарка на Ал Џазира ФБИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.