НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српска листа се врати во косовското собрание со нови пратеници, ќе го спречуваат планот на Курти

0
By Ана Василевска on November 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците на Српската листа, кои пред денови поднесоа оставки од мандатите во Собранието на Косово, се сменети со други пратеници на оваа партија, јавува косовски Телеграф.

Ова на денешната пленарна седница на Собранието го соопшти спикерот Глаук Коњуфца.

Новите пратеници на Српската листа дадоа заклетва, а потоа ја напуштија салата.

Српска Листа на 5 ноември 2022 година најави излегување на Србите од институциите на Косово, додека на 7 ноември официјално му ги врачија пратеничките мандати на Собранието на Косово.

Нивното заминување дојде по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на косовската полиција за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на Владата на Косово за пререгистрација на автомобили со регистарски таблички издадени од Србија во РКС – Република Косово.

Откако денеска во Собранието на Косово дадоа свечена заклетва девет нови пратеници на Српска Листа, од партијата излегоа со соопштение за постапката.

Српска Листа во своето појаснување нагласуваат дека „денешната стратешка одлука директно ја спречи реализацијата на планот на Албин Курти и „соодветните“ Срби за промена на Уставот и законите кои ги гарантираат правата на српскиот народ во Косово“.

Понатаму се вели дека намерата на Курти и на поранешната пратеничка во Собранието на Косово, Рада Трајковиќ била да гласаат за уставните измени.

„Намерата на Курти и Рада Трајковиќ, како и на другите како неа, беше да гласаат за уставни измени кои ќе доведат до укинување на српските општини, отстранување на имотот од СПЦ, отстранување на српскиот јазик, право на застапување во институции и слично“, се наведува во соопштението од Српската листа, најголемата српска партија на Косово, која има поддршка од официјален Белград. Од таму  додаваат дека оваа одлука на никаков начин нема да го запре процесот на напуштање на косовските институции на север, како одговор на прекршувањето на бриселскиот Договор.

Д. Тахири

Извор: Цивил медиа

Косово-Србија Српска листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.