НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Краткиот игран филм „Шеќерни луѓе“ на фестивал во Франција

0
By Ана Василевска on November 30, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Сара Климовска во сцена од „Шеќерни луѓе“
Сара Климовска во сцена од „Шеќерни луѓе“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски денеска од 16:30 часот и в петок (2 декември) од 14 часот ќе биде прикажан во меѓународната селекција на 40-тиот филмски фестивал „Tous Courts“ во Екс-ан-Прованс, Франција.
Како што соопшти „Сузи Кју продукција“, филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм и досега има освоено шест награди на различни меѓународни фестивали за краткометражни филмови и е во селекција на уште 16 меѓународни фестивали во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.
Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

Фестивалот „Tous Courts“ преку големиот број програми прикажува повеќе од 200 филмови – современи дела и од етаблирани автори.

„Веќе 40 години фестивалот е во потрага по филмови што го прикажуваат богатството и различноста на меѓународната продукција на кратки филмови. Целта на фестивалот е да им даде простор на креативноста и слободата, да ја зачува културната разновидност, да дозволи краткиот филм да се врати во кината, да придонесе за појава на нови таленти и да и даде на публиката уметничко задоволство во повторно откривање на богатствата на кратките филмови“, соопшти продукцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.