Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Гасификацијата станува реалност, завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола

0
By Соња Крамарска on November 30, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 30, 2022 14:57
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи присуствуваа на настан по повод завршувањето на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод на делницата Неготино-Кавадарци-Битола во должина од 92 км.

Ковачевски во изјавата за медиумите истакна дека ова значи спојување на целата делница од Клечовце (Куманово), до Битола во должина од околу 188 километри.

„Гасификацијата значи придобивка за граѓаните, за компаниите, за индустриските зони, а секако има големо влијание и за заштита на животната средина. Компаниите од овој регион, а и регионот на Прилеп и Битола сега можат да прават планови за користење на природниот гас во нивните производствени процеси, и на тој начин да бидат поконкурентни од компаниите во регионот. Токму овде во близина, на оваа делница ќе се гради и планираниот интерконективен гасовод со нашиот сосед Грција или од Неготино – до граница со Грција во должина од 67км. Сега ќе имаме пристап до природен гас од целиот свет, од сите држави кои го произведуваат да може да се донесе до Северна Македонија. Во Грција работи веќе еден терминал на течен природен гас на островот Равитуса, дополнително ние ќе бидеме еден од акционерите во терминалот за течен природен гас во Александруполи и со тоа обезбедивме закуп на капацитет, што ќе ни овозможи стабилно снабдување на природен гас по конкурентни цени“, рече Ковачевски.

Министерот Бочварски истакна дека денеска во Кавадарци го финишираме проектот со заварување на последната цевка од магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола, со што оваа делница комплетно ја затвораме.

Вредноста на овој проект кој го поврзува централниот дел од државата со Пелагонискиот регион изнесува преку 36 милиони евра и претставува еден од најзначајните капитални инвестиции во нашата држава.

гасовод Неготино-Кавадарци-Битола Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.