НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јужноафриканскиот претседател вмешан во скандал со кражба на пари, нема намера да поднесе оставка

0
By Gabi Tocko on December 4, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса нема да поднесе оставка и покрај скандалот околу украдените пари од неговата фарма, изјави неговиот портпарол, а пренесе Би Би Си. Во центарот на спорот се тврдењата дека тој чувал големи суми пари од непознато потекло на својот имот, а потоа ја прикрил кражбата на парите.

Истражната комисија, во која членуваат група правни експерти, заклучи дека претседателот мора да одговара за тој случај. Највисоките тела на Африканскиот национален конгрес (АНЦ) треба да се состанат денеска и утре за да одлучат за следните чекори на партијата.

Портпаролот на претседателот Рамафоса, Винсент Магвенја истакна дека тој ќе продолжи да се бори и дека наместо да се повлече, ќе бара втор мандат како лидер на партијата Африкански национален конгрес.

Претседателот Рамафоса не поднесува оставка врз основа на неточен извештај, ниту се повлекува настрана. Во долгорочен интерес на нашата уставна демократија, далеку од претседателскиот мандат на Рамафоса, е да се оспори таков погрешен извештај, рече портпаролот.

Скандалот избувна во јуни, кога поранешниот шеф на јужноафриканската шпионска служба, Артур Фрејзер, поднесе пријава во полиција, обвинувајќи го претседателот за прикривање кражба на 4 милиони долари во готовина од неговата фарма за дивеч во 2020 година. Според медиумите, парите биле скриени во перничињата на каучот.

Јужноафриканскиот претседател тврдеше дека не биле четири милиони, туку половина милион долари, и дека парите ги заработил продавајќи 20 биволи на судански купувач. Бидејќи истражната комисија не му влегла во трага на купувачот, а биволите се уште се наоѓаат на фармата и никој не ги земал, се појавија сомнежи за вистинитоста на тврдењата на претседателот за деловната трансакција.

Медиумите пренесуваат и дека шефот на државата го организирал киднапирањето на крадците и ги поткупил да молчат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.