НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

0
By Ана Василевска on December 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Славица Грковска, на панелот на тема „Кревки демократии
Славица Грковска, на панелот на тема „Кревки демократии
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
„Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција“, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на панелот на тема „Кревки демократии.
Овој панел се одржа синоќа во Рим, во рамките на Конференцијата на високо ниво на тема „Перспективите на Балканот и Црното море 2022“, во организација на НАТО, НАТО Фондацијата за одбрана, како и италијанското Министерство за надворешни работи.

Грковска нагласи дека доколку имаме стабилни институции кои се транспарентни, ефикасни, професионални и отпорни на политичко влијание, но и правосуден систем отпорен на политичко влијание, тогаш ќе може многу полесно да се соочиме со сите предизвици на кои наидуваме, независно дали се надворешни или внатрешни.


„Во однос на напредокот на Република Северна Македонија морам да нагласам дека во последните пет години постигнавме многу. Од заробена држава станавме високо признаен и ценет меѓународен партнер, станавме земја членка на НАТО, ги почнуваме преговорите со Европска Унија. Но тоа сепак не е доволно. Имаме уште многу работа пред нас, доколку сакаме да изградиме стабилен и одржлив систем“, посочи Грковска.

На панелот, како што информираат од Кабинетот на Грковска, се разговараше и за меѓусоседските односи во регионот на Западен Балкан, при што вицепремиерката истакна дека на регионот и на Европа им требаат сојузништва меѓу прогресивните и луѓето со интегритет, кои се посветени да направат позитивни промени. Важно е, рече таа, да правиме сојузништва со граѓанското општество, со независните институции, бидејќи само така може да се оди напред.

„Популизмот е најштетното нешто за една демократија. Лесно е да си политичар и да го кажуваш само тоа што граѓаните сакаат да го чујат. Треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат и да ги спроведеш вистинските реформи“, потенцираше Грковска.

На панелот се отвори дискусија и за дезинформациите како општествен проблем, при што вицепремиерката Грковска истакна дека е многу важно кај сите да се развива критичкиот ум, а особено кај учениците.
демократија Рим Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.