Oпштинските изборни комисии до 17 часот денеска до Државната изборна комисија треба да ги достави потврдените листи на кандидати за градоначалник на општините и за членови на советите.
Во недела ДИК ќе го одржи жребувањето за утврдување на единствената листа на кандидати за членови на советите на општината, односно Советот на Град Скопје и единствена листа на кандидат за градоначалник на општината, односно Градот Скопје.
Општинските изборни комисии утврдените единствени листи ќе ги огласи најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите, односно на 26 февруари до сите населени места и на избирачките места во општината, односно во Градот Скопје.
До 16 февруари на полноќ до ОИК пристигнаа 268 кандидатури за градоначалници, и 350 советнички листи. Од нив 25 се независни кандидати за градоначалници, а 93 советнички листи.