Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за човекови права и слободи

0
By Ана Василевска on December 9, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 9, 2022 14:49

ЦИВИЛ – Центар за слобода со години интензивно ја следи корупцијата, со посебен фокус на политичката корупција. Мониторингот најчесто е дел од долгорочниот мониторинг на состојбата на човековите права, политичките, а особено изборните процеси. За жал, корупцијата е составен дел од политичкото или поконкретно партиското битисување и обидите да се соберат политички поени и стекнување со неприкосновена моќ за одржување на власта. Изборите се окосница на сите политички процеси и се јасен показател како (ќе) изгледа практикувањето на власта.

Државите формираат институции што се борат проти корупцијата. Антикорупционерите, во принцип, треба да се неутрални, објективни и вистински независни од политички, бизнис, институционални, партиски и други влијанија. Како контролори, тие имаат право да покренуваат истраги од кои не смеат да бидат имуни функционерите, вклучително и претседателот или премиерот на една држава.

Сегашниот состав на Државната комисија за спречување на корупција се формираше на 8 февруари 2019 година. На нејзиното формирање претходеше ново законско решение што предвидува повисоки ингеренции на членовите на Државната комисија за спречување на корупција, што подразбира и увид во сметките на политичките парии и ревизорските извештаи и покренување на постапки пред надлежните органи по однос на наодите од партиските финансирања. Она што беше клучно во самите измени беше неможноста членови на Антикорупциска да бидат поранешни пратеници, членови на Влада или политичка партија, но ниту оние што некогаш биле донатори на некоја политичка партија.

Овие мерки се преземаа поради, во тоа време,  високиот степен на корупција во Антикорупциска, со оглед дека самиот поранешен претседател Игор Тантуровски ја отсликуваше реалната функција на ДКСК низ годините. ЦИВИЛ пишуваше за конфликтот на интереси и двојната функција на Тантуровски, како претседател на ДКСК и заменик претседател на ЈЗУ Здравствен дом Железничар, како и за неговите невистинити околу ревизорскиот извештај за 2017 година, конечна верзија на 26 јануари 2018. Според, информациите базирани врз наодите на овој извештај, ЦИВИЛ, тогаш, посочи дека се извршени исплати врз основа на неверодостојни патни налози, при што ненаменски се исплатени буџетски средства, нема евиденција за работното време на членовите на ДКСК, неверодостојни патни налози, нејасна употреба на возила во лична сопственост за службени цели, нема процедура за репрезентација, а исплатени се репрезентативни трошоци…, за кои во медиумите Тантуровски тврдеше дека се извадени од контекст и дека не се чувствува одговорен.

Како свој придонес во борбата против корупцијата ЦИВИЛ објави публикација за антикорупцијата односно предизвиците што ги носи борбата против корупцијата. Публикацијата претставува избор од содржини објавени во рубриката МИСЛА на www.civilmedia.mk од крајот на 2017 до средината на ноември, 2018 година.

Сегашниот состав на ДКСК се соочи со многу предизвици, пред се што нивното формирање се совпадна со претседателските избори во 2019 година, предвремените парламентарни избори во 2020 и локалните избори во 2021, период од три години на разобличување случаи поврзани со политичкото финансирање и корупцијата.  Исто така, ЦИВИЛ во своето мониторирање на изборните процеси, посвети големо внимание и на политичкото финансирање и индикациите за корупција.

ЦИВИЛ останува буден и активен, како во мониторингот, така и во преземањето конкретни чекори и иницијативи во насока на јакнење на јавната свест и барање за целосна посветеност во борбата против корупцијата.

ЦИВИЛ уште еднаш ја упатува пораката: Борбата против корупцијата е борба за демократија и човекови права и слободи!

Б. Јордановска

Извор Цивил медиа

Антикорупција мониторинг Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.