Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ – Вал: Придонесот на Мисијата на ОБСЕ важен за евроинтегративниот напредок на земјата

0
By Jane Gjorgioski on December 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 15, 2022 18:37

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ,Килијан Вал на која разговараа за приоритетните реформи важни за евроинтегративниот процес на земјата и можностите за продлабочување на соработката.

– Придонесот на Мисијата на ОБСЕ е клучен за реформскиот напредок и приближувањето кон Европската Унија, особено за демократизација на Северна Македонија. Преку различни проекти кои значително придонесуваат за процесот на европска интеграција, ОБСЕ има значајна улога во развојот на нашата земја и верувам дека ќе продолжиме со одличната соработка и во иднина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Амбасадорот Вал, како што се наведува во соопштението, го поздрави напредокот нотиран во Извештајот и изрази уверување дека Мисијата ќе продолжи да прави сè што може за да ги поддржи реформските напори на земјата.

– На состанокот беше потенцирано дека Мисијата на ОБСЕ како и досега ќе продолжи да го поддржува спроведувањето на реформите, што ќе придонесе да се забрза интеграцијата и да се постигнат нашите поставени цели, членство во ЕУ до 2030 година, стои во соопштението од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ потенцираше дека следниот период Владата се фокусира на приоритетните реформи од Кластерот 1, „Фундаментални вредности“, особено на владеењето на правото и областите поврзани со доброто владеење и човековите права, во кои ОБСЕ има значајна улога и свој придонес за напредокот.

ЕУ ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.