Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сценско оживување на Шопов со уметниците Беговски: Волшебно духовно патување со стиховите на поетот

0
By Ана Василевска on December 21, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов
Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 21, 2022 11:42

Стиховите на Ацо Шопов беа оживеани со синоќа во Народниот театар Штип со несекојдневен сценски настан. Овој сценко-музички полифоничен колаж насловен како „Молитви на моето тело“ креиран според циклусот „Молитви на моето тело“ од збирката „Небиднина“ на Ацо Шопов,  публиката  со искрениот аплауз го воздигна на уште повисоко ниво аџилакот на молитвите на великиот поет од градот под Исарот.

Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов
Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов – Суад Беговски Сухи (десно), Енес Беговски (лево)

Искусните актери  Рујиш Беговска  и Суад Беговски Сухи заедно со младиот талентиран музичар Енес Беговски , движејќи се низ сопственото сценско патешествие, ја повлекоа и  публиката да тргне по сопствено патешествие, секој сам за себе.

Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов
Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов – Рујиш Беговска

„Додека сношти на сцена ги живеевме молитвите на Ацо Шопов имав чувство дека тој, поетот,  некаде од духовните височини го слуша ехото на молитвите (негови, наши, сечии), раѓањето на зборот…го слуша раѓањето на љубовта“, рече авторот на овој перформанс Суад Беговски Сухи.

Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов
Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов – Енес Беговски

Атмосферата во Штип може да се опише како ретко волшебно доживување, кое за миг ја поврза публиката со длабоките стихови на големиот поет.

Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов
Од сценскиот настап инспириран од стиховите на Ацо Шопов – Енес Беговски
„Непретенциозно, ова поетско-музичко патешествие беше нешто што не се пропушта. Доживување кое исконски и продорно ве води низ длабоките “тонови” од животот враќајќи ве на себе и кон себе. Од почеток до крај не ви дава да трепнете, ниту за миг да избегате од ова “раѓање”. Раѓање на зборот, раѓање на секое ваше сетило. Секој збор на Ацо Шопов, секој музички тон и звук силно удира како капка во длабок бунар и долго после перформансот одѕвонува во вашите уши.
Вака актерски и музички оживеан стихот на големиот поет е потврда за големината на неговите стихови и големината на актерите кои го живеат секој изговорен збор во моментот, сега и тука. А музиката и звуците се посебна поетика, поетика сама за себе, која само го крева зборот на едно високо ниво, кое само по себе е редок миг. Кога ќе речат, ретки се тие мигови во животот, мигови кои никој не успеал да ги опише и објасни со збор. Вакви мигови вчера доживеавме бескрајно многу. Свесноста за тие мигови е исто така реткост“, вели Теа Беговска.
(А.В)

 

Ацо Шопов музичко сценски перформанс Народен театар Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.