НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новоизбраниот конгресмен од Њујорк призна дека ја „шминкал“ својата биографијата

0
By Ана Василевска on December 28, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Џорџ Сантос
Џорџ Сантос
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џорџ Сантос, новоизбраниот републикански член на Конгресот на САД, призна дека за време на кампањата за место во Претставничкиот дом лажел за своето образование и работно искуство. Сантос сепак рече дека има намера да ги исполни ветувањата што ги дал за време на кампањата.

Џорџ Сантос кој во ноември беше избран за член на американскиот Конгрес, во интервјуто за „Њујорк Пост“ се извини затоа што лажел за делови од неговата биографија, признавајќи дека не го завршил факултетот.

„Моите гревови ја разубавуваат мојата биографија. Жал ми е“, изјави новоизбраниот конгресмен кој во наредните две години ќе ја претставува државата Њујорк во Претставничкиот дом.

Инаку, Сантос претходно тврдеше дека дипломирал на њујоршкиот колеџ „Барух“ во 2010 година.

Тој исто така во кампањата рече дека работел за компаниите „Голдман Сакс“ и „Ситигруп“, за во весникот да признае дека „никогаш директно“ не работел со нив, правдајќи се дека лошо се изразил, односно дека бил потпретседател на компанијата „Линк Бриџ“ што соработувала со тие две компании.

„Во кампањата зборував за работи кои ги загрижуваат луѓето, а не за мојата биографија… Имам намера да ги исполнам ветувањата што ги дадов во кампањата“, рече Сантос.

Весникот „Њујорк Тајмс“ минатата недела ја доведе во прашање биографијата на Џорџ Сантос, на што неговиот адвокат одговори дека се работи за клевета.

Конгресмени САД Џорџ Сантос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.