Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деспотовски: Годината ја почнуваме со нова инвестиција во ТИРЗ Штип

0
By Соња Крамарска on January 5, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 5, 2023 11:03

Годинава ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип. Новата инвестиција ќе донесе близу 2 000 нови работни места, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година, вели во интервју за МИА директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

Деспотовски најавува дека деталите за американската инвестиција ќе бидат соопштени за десетина дена, и од менаџментот на компанијата и од Владата.

„Секако, не застануваме тука. Веќе година дена работиме на преговори со американско – тајванска компанија, каде во конкуренцијата се соседна Србија, но и Кина. Очекувам дека за еден – два месеца ќе имаме добри вести и ќе ја имаме следната најголема инвестиција во постоењето на ТИРЗ, овојпат над 200 милиони евра и близу 4 000 нови работни места“, истакнува директорот.

Тој открива и дека има преговори за новата високотехнолошка зона Скопје 3.

„Само неколку месеци по промоцијата на концептот на високотехнолошка зона, добивме писмо за интерес од светски позната јапонска компанија во областа на електрониката. Предизвикот тука е голем, бидејќи ова е целосно нов концепт не само за нас, туку и за целиот регион“, вели Деспотовски.

Според него, значително е зголемен интересот кај инвеститорите, не само странски, туку и домашни.

„Само во моментов во ТИРЗ сме во фаза на понапредни преговори за инвестиции над 500 милиони евра. Преку законот за стратешки инвестиции работиме на инвестицијата на грчки ‘Митилинеос’ во делот на енергетиката, која тежи над 200 милиони евра. Но, она што е уште позначајно е дека се повеќе се отвораме и кон домашните компании, бидејќи кај нив лежи голем инвестициски потенцијал. Наскоро во зоните ќе инвестира и голема македонска компанија што верувам дека сигурно ќе поттикне серија инвестиции од домашните компании“, потенцира Деспотовски.

Во интервјуто за МИА Деспотовски дава оценка за изминатата 2022 година, се осврнува на кризата, платите во зоните, потребите од квалификуван кадар…

„Над 430 милиони евра нови инвестиции и над 2 000 нови работни места само за една година – со овие бројки ја заокружуваме најдобрата година до сега од постоењето на технолошко-индустриските развојни зони. Веќе во октомври ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година. Но, она што посебно ме радува е тоа што само во изминативе две години се отворени над 3 500 нови работни места, а од 2017 година до денес бројката е плус 10.000. Тоа се 160 проценти повеќе работни места од оствареното во периодот 2007 – 2016 година. Тоа се 10 000 наши сограѓани, семејства, соседи, пријатели кои добиле можност да остварат пристојна живеачка дома. Платите растат и прв пат во 2021 ги надминаа просечните во целата економија. Оваа година, иако податоците треба да се сумираат со завршните сметки, очекувам раст на нето платата од најмалку 15 отсто, а многу веројатно дека растот е и поголем“, информира директорот.

Тој очекува првично поставената цел, една милијарда евра нови инвестиции во зоните до крајот на мандатот во 2024-та, да биде постигната оваа година.

Јован Деспотовски Нова инвестиција ТИРЗ Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.