НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

25 училишта ќе добијат фотоволтаични системи со помош на европски грант

0
By Соња Крамарска on January 11, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука соопшти дека ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа.

Ресорниот министер Јетон Шаќири вели дека така ќе се подобрат условите за учење и ќе се создаде поздрава животна средина.

„Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија. Овие средства ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата“, изјави Шаќири.

Училиштата опфатени со новиот проект, претходно беа реконструирани со заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Министерството за образование и наука наведува дека подигнувањето на свеста за енергетските прашања и климатските промени кај учениците е еден од неговите приоритети и дека препознавањето на потребите за зелена транзиција е интегрирано во образовниот систем.

„ 121 наставник следеа обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми. Целта е во текот на образовниот процес учениците да развијат компетенции, да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за заштита на животната средина и транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество“, информира Министерството.

Р.Н.

грабт Јетон Шаќири Министерство за образование и наука фотоволтаични системи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.