НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Листата за санкции не беше тема на средбата со Шоле

0
By Соња Крамарска on January 11, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Листата за санкции или т.н. „Црна листа“ не била тема на средбата утрово во Владата со советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле. Се разговарало за енергетската безбедност, справувањето со економската криза, претседавањето со ОБСЕ, евроинтеграциите и борбата со корупцијата и владеењето на правото, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој на новинарско прашање по посетатата на компанијата „Пекабеско“, појасни дека тоа е активност која што ја спроведуваат САД во рамки на нивната Стратегија за борба против корупцијата објавена од страна на американскиот претседател, во која се точно наведени активностите коишто се преземаат во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата како во САД така и во држави коишто се нивни партнери, како што е и Северна Македонија.

„Ние сме земја партнер на САД и таа црна листа, односно листа за санкции е насочена токму кон лица коишто работат спротивно на практиките на добро владеење, меѓутоа и коишто го попречуваат патот кон целосно демократско општество во државите партнери на САД, а кај нас се однесува на интеграција во ЕУ, владеењето на правото и целосното владеење на демократијата во државата. Американските истражители беа во државава, меѓутоа нивната работа предвид ја имаат американските органи со коишто ние сме практично во партнерски односи и со кои имаме стратешки дијалог“, подвлече Ковачевски.

Премиерот истакна дека ова не е негова прва средба со високиот претставник од Вашингтон којшто денес беше во Скопје, но оцени, дека е навистина значајна бидејќи доаѓа во еден клучен момент за регионот, меѓутоа воопшто и за Европа со оглед на војната која што се води во Украина и со оглед на тоа дека ние сме држава која претседава со ОБСЕ. 

Во конетекст на борбата против корупцијата и владеењето на правото, било разговарано за напредокот кој што е направен во изминатите години и на предизвиците за државата да ја оствари целта за врвно владеење на правото на ниво на ЕУ како аспирант за членство во Унијата во 2030 година.

„Ние сме држава која што има стратешки договор и стратешки дијалог со САД и во рамките на тој стратешки дијалог, за кој следниот состанок ќе се одржи во првата половина на оваа година, исто така ќе бидат присутни и овие теми коишто се во делот на унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Разговаравме за напредокот којшто е направен во овој дел во текот на изминатата година и изминатите години со напредувањето на државата на меѓународните рангирања во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, но и на се она што претстои пред нас со цел да може да имаме врвно владеење на правото, како што го имаат земјите од ЕУ, каде што впрочем и ние ќе станеме членка еден ден. Планот е тоа да биде до 2030 година“, рече премиерот Ковачевски.  

Со Шоле разговарале и за европскиот пат на државата, за големото значење на политичката стабилност во земјава и на спроведувањето на сите реформи, носењето на одлуки коишто значат интегрирање на државата во ЕУ и за уставните измени.  

„Секако дека разговаравме и за уставните измени со оглед на тоа дека уставните измени се една од одлуките која што ќе треба да биде донесена до полноправното членство на државата во ЕУ. САД од самиот почеток на нашата независност, значи веќе 31 година се наш стратешки партнер и секогаш сме имале поддршка од нив при носењето на сите вакви одлуки. Така беше и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ, така беше со зачленувањето во НАТО, така е и со непреченото одвивање на преговорите со ЕУ“, потенцира Ковачевски.  

Меѓу клучните теми на кои што разговарале со советникот на Стејт депртаментот е и справувањето со економската и енергетската криза во текот на носењето на сите мерки, меѓутоа и во текот на обезбедувањето на се што е потребно за непречено снабдување со електрична енергија со субвенционирани цели, за што вели, имавме голема помош од САД и конкретно од Шоле.  

„Продолжуваме и понатаму со таа соработка, меѓутоа и со сите мерки коишто се предвидени во буџетот за 2023 година, како и со активностите за енергетска трансформација и за енергетското осамостојување на Северна Македонија, која што во изминатите 30 години не било на маса на политичарите во државата“, рече претседателот на Владата.  

За претседавањето со ОБСЕ каде што, вели, ние имаме исклучително значајна улога како земја која што претседава и тоа во исклучително сложени услови во Европа, а високо на агендата на нашето претседавање ќе биде војната во Украина. Тој најави дека по претставувањето на нашите приоритети оваа недела во Виена од страна на шефот на дипломатијата и неговата посета на Киев и тој ќе ќе оди во прва посета на Украина, во наредните 30 дена на средба со претседателот Зеленски.

 

Дерек Шоле Димитар Ковачевски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.