НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна Светскиот економски форум во Давос

0
By Marta Pesevska on January 16, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зимската сесија на Светскиот економски форум почна денеска во Давос, Швајцарија, прва од 2020 година, каде светските лидери ќе се обидат да ги премостат политичките поделби во поларизираниот свет, да ги стабилизираат нарушените економии и меѓу другото, да ја решат загриженоста за климатските промени.

Меѓу многуте други различни прашања за кои ќе се разговара за време на четиридневниот состанок, се и иднината на вештачките ѓубрива, улогата на спортот во општеството, употребата на нуклеарна фузија како извор на електрична енергија и состојбата со пандемијата Ковид-19.

На Форумот се очекува учество на повеќе од 600 директори на компании и повеќе од 50 шефови на држави, но не е јасно колку конкретна акција може да се очекува од овој настан на кој учествува светската елита.

На првата зимска сесија од почетокот на пандемијата, само шест месеци по летната сесија, ќе присуствува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, главниот американски преговарач за климатски прашања, Џон Кери, претседателот на Европската централна банка, Кристин Лагард, директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, поранешниот американски потпретседател Ал Гор и новите претседатели на Јужна Кореја, на Колумбија и на Филипини.

Кинескиот вицепремиер Лиу Хе утре ќе се обрати на собирот, а денеска за првпат ќе се сретне со американската министерка за финансии Џенет Јелен, која ќе го пропушти Форумот во Давос.

На зимската сесија на Светскиот економски форум нема да учествуваат американскиот и кинескиот претседател Џо Бајден и Си Џинпинг, британскиот, индискиот и францускиот премиер Риши Сунак, Нарендра Моди и Емануел Макрон како и рускиот претседател Владимир Путин.

Првата дама на Украина Олена Зеленски е на пат за Давос и утре ќе се обрати на собирот, додека нејзиниот сопруг, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе присуствува на собирот од далечина и ќе се обрати в среда. На различни панели на Светскиот економски форум се појавуваат и други украински функционери.

Извор: МИА

 

Давос Зеленски Светски економски форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.