Џинпинг: Глобалната конфронтација меѓу големите сили води до катастрофални последици

Кинескиот претседател Си Џинпинг, во говор на виртуелниот собир во рамки на Светскиот економски форум во Давос, денеска предупреди дека глобалната конфронтација меѓу големите сили може...

Димитров на панел за Западен Балкан во Давос: Крајно време е за чекор напред

На маргините на Форумот, Димитров имаше куси средби со премиерите на Република Бугарија, Бојко Борисов и на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. На годинешниот Форум, кој почна денеска, а завршува в петок се очекуваат вкупно 3.000 бизнисмени, политичари и други функционери од 118 земји

Почнува Светскиот економски форум во Давос: Светот се движи кон нов поредок

Се дефинираме преку тоа која ни е положбата на работа, каков автомобил возиме, каков часовник имаме. Тоа ни дава смисла на животот. Со оглед на тоа дека за луѓето ќе има сè помалку работа, тоа ќе мора да се менува, а тоа значи дека ќе мора да делиме, на пример автомобили, и повторно повеќе да се грижиме едни за други, вели Клаус Шваб, основач на СЕФ, во интервју за швајцарскиот весник „Блик“

Светскиот Економски Форум би можел на нова локација: Давос прескап и за менаџерите

Хотелските соби за време на Светскиот Економски Форум во Давос чинат по неколку илјади евра за ноќ. Клаус Шваб, кој е основач на собирот, вели дека учесниците се подготвени да платат за добра услуга, но забележува дека во некои случаи постои неразумно покачување на цените поради што, според него, менаџерите реагираат чувствително кога мислат дека некој ги искористува