НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како „падна“ шефот на Коза Ностра? Часовник од 38.000 евра и други детали кои го издадоа италијанскиот мафијаш

0
By Соња Крамарска on January 17, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија од вчера го слави апсењето на шефот на мафијашката организација Коза Ностра, Матео Месина Денаро, кој 30 години беше во бегство. Младите во Палермо дури одржаа и митинг за поддршка пред касарната на карабинерите „Декла Киеза“ и извикуваа „Палермо е наш, а не на Коза Ностра“ и „Браво, браво“, изразувајќи го своето воодушевување од полицијата.

Како што пренесува Гардијан, на еден од последните „кумови“ на мафијата на Сицилија му пресудила една полициска дојава, а тоа е дека во наредните денови ќе посети приватна клиника во Палермо за лекување на тумор.

60-годишниот мафијаш, по кого италијанските власти трагаа од 1993 година, беше уапсен додека ја напушташе клиниката „Ла Мадалена“, која три дена од дојавата на информацијата, па се до неговото апсење беше набљудувана од полицијата.

Во моментот на апсењето, италијанскиот мафијаш носел скапа облека и часовник вреден 38.000 евра, пишува Гардијан. Според полициски извори, Денаро повеќе од една година ја посетува оваа клиника под лажното име Андреа Бонафеде.

„Здравјето е еден од факторите што ги тера оние кои се кријат да се откријат порано или подоцна“, рече шефот на карабинерите на прес-конференција во Палермо.

Службениците кои ја опколиле клиниката го виделе Денаро како влегува во зградата во 8:30 часот во понеделникот. Носел бела волнена капа и очила за сонце, додека во раката држел негативен тест за корона вирус кој му бил потребен за да направи дополнителни тестови поврзани со туморот.

Кога полицајците влегле во зградата за да го уапсат, Денаро наводно се обидел да побегне, но кога сфатил дека е опколен не давал отпор.

Во моментот кога му ставиле лисици, полицаецот го прашал „Како се викаш“, а 60-годишниот мафијаш му одговорил: „Јас сум Матео Месина Денаро“, пренесува Гардијан.

Инаку, полицијата пронашла парфеми и дизајнерска облека во стан во градот Кампобело ди Маскара на Сицилија, кој се претпоставува дека бил последното скривалиште на Денаро.

Станот е во скромна зграда во близина на центарот на Кампобело ди Маскара, град во западната сицилијанска провинција Трапани, на само неколку километри од родниот град на Денаро, Кастелветрано, велат изворите. Генералот Пасквал Анџелосанто од специјалните сили на карабинерите на РОС рече дека се претпоставува дека станот во последниот период најчесто го користел Денаро и дека таму се наоѓаат важни елементи за истрагата.

Кој е Матео Месина Денаро?

Денаро, познат по прекарите „Мршавиот“ и „Дијаболик“, важи за еден од новите водачи на Коза ностра, а се верува дека оваа улога ја презел по апсењето на Бернардо Провенцано, додека станал најмоќниот од нив по апсењето на Салваторе ло Пиколо. Тој беше во бегство од 1993 година, кога беше уапсен тогашниот „капо ди туто капи“ Салваторе „Тото“ Рина, во екот на терористичките напади на Коза Ностра врз италијанските институции и цивили во кои и самиот учествуваше. Тој ги избегнуваше властите речиси три децении, а потрагата и неговото лоцирање беше тешко бидејќи не постоеја свежи фотографии.

Роден е на 26 април 1962 година во познатото мафијашко семејство Денаро на Сицилија. Неговиот татко, Франческо Месина Денаро, познат како Дон Чичо, бил шеф на мафијата Трапани.

Шефот на Коза Ностра, кој и самиот се фалеше дека убил толку многу луѓе за да наполни гробишта, го држи „клучот“ за некои од најужасните злосторства на сицилијанската мафија, вклучително и бомбашките напади во кои загинаа познатите обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино. За тие убиства, како и за тортурата и убиството на 11-годишниот син на друг мафијаш, тој во отсуство е осуден на доживотен затвор.

Што ќе се случи со Коза Носта? 

Новинарката на Еуроњуз го праша Џузепе Анточи, претседател на Истражувачкиот центар за мафија, како гледа на апсењето на шефот на Коза Ностра. Згора на тоа, самиот Анточи го преживеа нападот на мафијата и живее под полициска заштита до ден-денес.

„Она што се случи е многу важно од психолошка гледна точка бидејќи ги ослободува луѓето и им дава можност на граѓаните да сфатат дека можат да и веруваат на државата, дека треба да останат силни и да дејствуваат како тим кога станува збор за пријавување на злосторствата на мафијата. Важно е никогаш да не им се предадете на мафијашките организации бидејќи тие ги крадат надежите и соништата на луѓето и ја контролираат слободата на луѓето“, вели Анточи во интервју за Еуроњуз.

Тој вели дека ако Денаро одлучи да соработува со властите, тоа ќе фрли ново светло на некои клучни настани во кои тој бил вклучен.

„Исто така, важно е да се соберат критични информации за типот на заштита што Денаро ја добивал во изминатите неколку години“, вели тој.

Анточи истакнува дека ваквото апсење јасно сведочи дека нешто во Коза Ностра не функционирало како што треба. „Заштитата на Денарот не функционираше. Дополнително, во хаотичното опкружување во кое се наоѓа сега, Коза Ностра ќе мора да се реорганизира“, смета Анточи.

„Тоа би било добра можност за обвинителите кои го следат развојот на настаните“, заклучува Анточи во интервју за Еуроњуз.

апсење Матео Месина Денаро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.